Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

More
    домаАгро ВестиВоведена вакцина против птичји грип?

    Воведена вакцина против птичји грип?

    petel baner

    Ќе биде неопходно да се усогласат мерките со меѓународната трговија. Британија, САД и Саудиска Арабија одбиваат да купуваат од земји кои практикуваат вакцина.

    Со цел да се спречи вирусот на птичји грип, животните досега или биле уништени или чувани во карантин. Тоа се мерки кои се исклучително скапи за индустријата и за јавните власти. Во моментов, 36 европски земји се погодени. Франција уништила 16 милиони живина од декември, а Италија 18 милиони од јануари.

    Otkup na kompiri

    Еурактив  објави дека министрите за земјоделство на ЕУ се согласиле да спроведат стратегија за вакцина против птичји грип.

    Масовното уништување не е прифатливо

    Луис Планас  шпанскиот министер за земјоделство, истакна дека масовното уништување е се помалку прифатено од јавноста.

    Ширењето на оваа болест претставува ризик за јавното здравје. Се работи за вирус кој претставува потенцијална зооноза, болест за луѓето. Француското претседателство со Советот на ЕУ, заедно со министрите на ЕУ, се согласија за потребата да се развие вакцинацијата како средство за превенција.

    agrounik

    „Воодушевен сум од постигнатата едногласност околу идејата за комплетирање на нашиот арсенал за борба против оваа епизоотија, со разгледување на употребата на вакцинација со потребните биосигурни мерки што веќе ги знаеме “, објасни новоименуваниот француски министер за земјоделство и суверенитет на храна Марк Феснео.

    Што е со меѓународната трговија?

    Ќе биде неопходно да се усогласат мерките со меѓународната трговија. Обединетото Кралство, САД и Саудиска Арабија одбиваат да купуваат од земји кои практикуваат вакцинација. Стравуваат од увоз на вирусот на нивна територија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Германскиот министер за земјоделство Џем Оздемир рече дека мора да се користи колективен пристап за да се обединат техничките одредби и ефикасноста.

    Мерката е многу сложена кога ќе се земе предвид дека неколку видови живина и бројни варијанти на вирусот што ја предизвикува болеста се зафатени и се уште се тестираат во ЕУ. Во моментов, Франција тестира примена на два третмани на патки, а Холандија и Италија на кокошки-несилки и мисирки.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img