Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро советиНаводнување на краставица за добар принос, без горчлив вкус

    Наводнување на краставица за добар принос, без горчлив вкус

    Таа сака влага, па неправилното наводнување на краставица и недостатокот на влага може да доведат до слаб развој на растението и плодот да има горчлив вкус. Подолу ќе дознаете кога и како се наводнуваат краставиците во сите фази на развој.

    Често се греши при наводнување на краставица. Таа е голем потрошувач на вода, бидејќи има развиена лисна маса, а коренот се развива до длабочина од околу 25 см, од каде што водата испарува многу. За два месеци одгледување троши меѓу 90 и 150 литри вода на метар квадратен. Затоа е многу важно наводнувањето на краставиците. Ако не се спроведе правилно, може да влијае на развојот на растението, плодовите, како и на вкусот (станува горчлив).

    Правилно наводнување на краставица

    Краставицата се полева околу корените. Не треба да користите ладна вода, бидејќи ќе ги шокира растенијата, што негативно влијае на нивниот развој, а може да предизвика и појава на горчлив вкус на плодот. Минималната температура на водата треба да биде 20 степени Целзиусови. Во пролетта се полева кога температурите се пониски од 11 степени, а во лето кога температурите се 15-17 Целзиусови степени.

    Потребна е умерена количина на вода за да се формираат цветовите . Доколку врне, не е потребно дополнително наводнување. Доколку не, се полева во интервали од 4-8 дена во зависност од начинот на одгледување.
    На почетокот на цветањето се препорачува да се изостави едно наводнување за да се подобри формирањето на женските цветови и да се изврши што подобро опрашување.
    Од почетокот на формирањето на плодовите, наводнувањето се засилува и се прави на секои 3-5 дена. Доколку има недостаток на влага во плодниот период, се прекинува растот на ембрионите. Се појавува деформација и виткањето на плодот, а приносот е помал. Исто така, овошјето може да добие горчлив вкус, кој секој сака да го избегне.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Воведена вакцина против птичји грип?
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Квасец во прихрана на растенијата
    spot_img
    spot_img
    spot_img