Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

19.8 C
Skopje
Thursday, July 25, 2024

More
    домаАгро ВестиФранција се соочува со недостиг од сенф

    Франција се соочува со недостиг од сенф

    petel baner

    Французите се соочуваат со недостиг од сенф во супермаркетите. Ова доаѓа како резултат на недостатокот на семе од синап потребни за производство на овој сос.

    Тешката суша во Канада, лошата жетва во Франција и војната во Украина заедно ги намалија залихите на семе од синап што им се достапни на производителите.

    Поради недостиг од сенф, цената во Франција порасна за 10%, а некои продавници тешко ги полнат полиците.

    Франција најмногу увезува семе од синап од Канада. Но, минатата година во таа земја имаше голема суша која ги уништи посевите.

    Сите суши не се последица на климатските промени. Но, вишокот на топлина во атмосферата црпи повеќе влага од земјата, а сушите се влошуваат, пишува Би-Би-Си. Планетата веќе се загреа за околу 1,2 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера. Температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот значително не ги намалат емисиите на гасови.

    agrounik

    Бербата на семето од синап во Франција веќе трета година по ред не дава задоволителни приноси. Последен пат причината беше влажна зима и студена пролет.

    Лук Вандермесон, генерален директор на третиот по големина француски производител на синап La Reine de Dijon, изјави за Би-Би-Си дека производството е за 20% до 25% помало од вообичаеното.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Пазарот е празен, се е веќе резервирано и имаме потешкотии со откупот на семето – рече тој.

    Производителите во Франција првично се надеваа дека ќе воведат дополнително семе од синап од Русија или Украина за да ги надополнат недостатоците, но тоа не е можно поради војната.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img