Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро советиЧетири грешки поради кои вашиот чај престанува да биде здрав

    Четири грешки поради кои вашиот чај престанува да биде здрав

    Нема сомнеж дека чајот е многу здрав пијалок. Всушност, има многу здравствени придобивки од редовното пиење црн, зелен, но и многу други видови чај. Но има неколку грешки кои постојано ги повторуваме заради кои чајот ги губи своите здравствени придобивки.

    Се чини дека една шолја чај може да направи чуда за вашето тело. Сепак, иако пиењето чај само по себе е здраво, доколку не внимавате што му додавате, многу лесно може да ги загуби лековитите придобивки.

    1. Додавате премногу шеќер

    Без разлика дали тоа е лажичка шеќер или додаток на вашиот омилен мед, шеќерот е шеќер. Додавањето малку шеќер во чајот на краток рок нема да ви наштети. Меѓутоа, ако додадете премногу слатки адитиви, чајот брзо може да стане нездрав. Најдобар начин да уживате во чајот е да пиете обичен чај без никакви адитиви.

    2. Претерувате со вештачките засладувачи

    Што е со вештачките засладувачи? Ако сè уште сакате нешто слатко во чајот, но не сакате да додавате дополнителни калории, се чини дека добра опција е да користите алтернативни засладувачи кои не содржат калории. Но, дали е безбедно? Иако вештачките засладувачи биле внимателно проучувани во текот на годините, истражувачите сè уште не успеале да ја утврдат врската помеѓу вештачките засладувачи и било каков вид на здравствен ризик. Затоа, FDA препорачува да продолжите да ја ограничувате количината на таквите засладувачи.

    3. Додавање на млеко

    Иако додавањето малку млеко во чајот не мора да биде лоша навика, добро е да бидете свесни за дополнителните калории што ги конзумирате на тој начин.

    4. Го Чувате чајот предолго во вода

    Чаевите содржат и одредена количина на кофеин. Просечната количина на кофеин што ја внесувате со пиење чај се движи од 20 до 40 милиграми (во споредба со шолја кафе што содржи околу 100 милиграми). Меѓутоа, ако не внимавате колку долго го чувате чајот во течноста пред да го испиете, количината на кофеин може да се зголеми. Имено, колку подолго го чувате, толку ќе станува потемен, ќе има горчлив вкус и ќе се зголемува количината на кофеин што ја содржи.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Толеранција на топлински стрес кај говедата
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Сенопревртувач
    spot_img
    spot_img
    spot_img