Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро советиФацелија Phacelia tanacetifolia

    Фацелија Phacelia tanacetifolia

    Фацелија Phacelia tanacetifolia е едногодишно медоносно растение кое може да се користи
    како паша за пчелите во период од мај до септември.

    Тоа може да сепостигне со постепена сеидба на растојание од 15-20 дена.

    Приносот намед кој може да се добие од неа е од 500-1000 кг/ха.

    Бојата на медот е светложолта со пријатен мирис и вкус и одличен квалитет. Може да се користи за зелено ѓубрење и многу е погодна за плодоред.

    По потекло е од Америка а во Европа е донесена во 19 век.

    Слична е на плевел, достигнува висина околу 60-90 см. Почнува да се
    разгранува во долниот дела на стеблото.

    Едно растение содржи од 5000-7000 цветови со виолетова боја.

    Цвета 45-50 дена после сеење.

    Цветањето трае 30-40 дена ако сеењето се распореди на временско растојание
    периодот на паша кај ова растение може да се продолжи во текот на
    целото лето односно од мај до септември.

    Покрај тоа што се користи какопаша за пчели, фацелијата се користи за подготовка на сено за добитокоти за производство на семе.
    Фацелијата е легуминозно растение, што значи на нејзиниот корен се
    развиваат бактерии ( азотофиксатори ) кои го врзуваат елементарниот
    азот од воздухот. Коренот продира до 70 см длабочина со сразмерна
    густина. На тој начин ја подобрува структурата на почвата и остава
    значајни количини на органска материја и азот, со што ова растение е
    добар подобрувач на сиромашните почви.

    Покрај тоа целото растение може да се заора по цветањето, поради што е погодно за зелено ѓубрење на овошни и лозови насади.

    Ако фацелијата се заора во фаза на прецветување, ефектот што се добива со збогатување на почвата со хранливи материи е ист како на хектар површина да сме ставиле 25 тона арско ѓубре.

    Фацелијата може да се сее во било кој период од годината ако времето
    е поволно.

    Иако најчесто се сее од февруари до мај, а ако времето е
    влажно може и во јуни.

    Најдобро е да се насее во текот на март, бидејќи во тоа време има доволно влага во почвата и сеуште не е започнат интензивниот раст на плевелите, кои подоцна фацелијата ќе може да ги загуши.

    Со што нема да има потреба од окопување или пак употреба на
    хербициди кои секако не се пожелни во производството на медот.
    Посеана во право време пчелите ќе може да ја искористат за паша.

    Фацелијата издржува ниски температури ( -5˚С ), може да се сее во доцна
    есен, за да семето никне во рана пролет некаде до крај на април. Се сее
    на длабочина од 1,5-2 см и меѓуредово растојание 20-25 см. Количината
    на семе е 5-10 кг/ха во зависност од рокот на сеидба и квалитетот на
    подготовка на почвата.

    Кога фацелијата се одгледува за зелено ѓубрење (сидерација ) се сее поголема количина на семе. При сеидбата треба да се
    внимава семето да не остане на површина бидејќи ´ртењето на семето ќе
    биде инхибирано од сончевата светлина.


    Ѓубрење на фацелијата со минерални ѓубрива не се практикува пред се
    поради добриот коренов систем, кога е посеана на плодна почва и кога се
    користи како пчелана паша. Ако фацелијата се одгледува како фуражна
    култура или посеана на почва со помала плодност во тој случај може да се
    ѓубри.

    Со основна обработка на почвата се употребува околу 200-250 кг/ха
    НПК и за прихрана се додаваат околу 50- 100 кг/ха азот.
    Може да се употребуваат хербициди при што треба многу да се внимава
    како со изборот така и со времето на примена.

    Кога фацелијата сеодгледува за паша на пчели пестицидите препорачливо е воопшто да не се упoтребуваат. Ако фацелијата се користи за исхрана на добиток,
    косењето најдобро е да се изврши пред почетокот на полно цветање.

    Фацелија Phacelia tanacetifolia

    Кај фацелијата не се познати паразити и болести но нејзиниот корен
    делува многу токсично на нематодите. За тоа оваа култура е од голем
    интерес за земјоделците, пред се поради тоа што ја подобрува почвата ја
    збогатува и одмора.

    Фацелијата лесно механички се отсранува и не представува сероизен плевел за културите што ќе се одгледуваат. Исто така може да се сее повеќе години како монокултура.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img