Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

More
    домаАгро ВестиКое млеко е најскапо, кој е најголем производител, каде најмногу се пие?

    Кое млеко е најскапо, кој е најголем производител, каде најмногу се пие?

    Вчера се обележа “Светскиот ден на млеко” – храна за милиони луѓе. Во оваа прилика ви пренесуваме неколку интересни факти за оваа храна.

    Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) го одбележува 1 јуни како Светски ден на млекото за да ја истакне важноста на млечните производи како глобална храна. Се слави од 2001 година и дава можност да се сврти вниманието кон овој сектор на земјоделско и прехранбено производство.

    Во 2022 година, прославата започна со собирот „Enjoy Dairy Rally“ од 29-31 мај, а темата оваа година се фокусира на работата што веќе е во тек за да се забрзаат климатските активности и да се намали влијанието на млечниот сектор на планетата.

    Еве 15 интересни факти за млекото:

    1. Козјото млеко е најконзумирано во светот.
    2. Кравите произведуваат четири пати повеќе млеко од козите.
    3. Најголем светски производител е Индија со 22 отсто од светското производство, а потоа следат САД, Кина, Пакистан и Бразил.
    4. Во 2021 година, Индијците конзумирале најмногу кравјо млеко во светот, испиле околу 83 милиони тони. Следна најголема потрошувачка беше во Европската унија, со 23,9 милиони тони.
    5. Жителите на Белорусија пијат најмногу од оваа храна по глава на жител, 114,9 килограми, а жителите на Лаос пијат најмалку, 2,92 по глава на жител. 
    6. Членките на Европската Унија заедно произвеле 160 милиони тони свежо млеко, од кои 154,4 килограми е кравјо.
    7. Повеќе од шест милијарди луѓе користат млеко и млечни производи во својата исхрана секој ден.
    8. Најголем дел од козјо млеко и неговите производи се конзумираат во Индија, Бангладеш, Пакистан и Турција. По нив следат земјите од Медитеранот и Блискиот Исток.
    9. Се верува дека најквалитетното кравјо млеко доаѓа од Нов Зеланд. 
    10. Најхранливо е овчото и може да се спореди само со онаа на камилите и биволиците.
    11. Најскапото кравјо млеко се произведува во Јапонија и се нарекува наказава. Се собира само еднаш неделно, во зори, кога содржи најмногу мелатонин, хормон на среќата кој помага во ослободување од стресот. Се флашира за 6 часа, а литар чини 43 евра.
    12. Најскапото сирење е Пуле, кое се прави од магарешко млеко во резерватот Засавица во Србија. Се продава по цена над 1.000 евра за килограм.
    13. Меѓу најскапите млечни производи во светот е уникатното сирење од млеко од лос произведено во „The Elk House“ во Шведска.
    14. Најпродавано сирење е моцарелата, која потекнува од Италија, а оригинално се прави од млеко од биволици.
    15. Минатата година на Светскиот натпревар за квалитет на сирење победник беше шпанското козјо сирење Олавидија. Пријавени се над 4.000 различни сирења од 40 земји.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Фацелија Phacelia tanacetifolia
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Аплицирањето за субвенции продолжено до крајот на Јуни
    spot_img
    spot_img
    spot_img