Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаситеЛозов лист - Еден од најмоќните природни лекови

    Лозов лист – Еден од најмоќните природни лекови

    petel baner

    Лозов лист – има многу витамини Ц, Е, А, К и Б6, како и ниацин, железо, влакна, рибофлавин, фолна киселина, калциум, магнезиум, бакар и манган. Се користи како антиинфламаторно и средство за подобра циркулација.

    Лековити се свежото грозје, сувото грозје и виното, а лековит е и лозов лист, богат со витамини и минерали. Во Медитеранот многу јадења се подготвуваат со лозов лист. Меѓу другото, медитеранска сарма во која наместо кисела зелка се користат лозови листови.

    Листовите имаат благо антиинфламаторно дејство. Хроничното воспаление е причина за многу сериозни болести, како што се срцеви заболувања, многу видови на рак и Алцхајмерова болест, артритис и болести на дигестивниот систем како што е Кронова болест. Начинот на живот и генетиката придонесуваат за развој на хронично воспаление, исхраната богата со антиинфламаторни состојки е најдобрата стратегија за намалување на долгорочните ризици од болести.

    Лековити својства на лозов лист

    Лозов лист за вени

    Еден од природните лекови за вените што може да ви ја олесни болката. Тој е особено важен за лекување на проблеми со слаба циркулација во нозете, што е основен проблем кај луѓето кои имаат проширени вени. Го намалува воспалението во вените, потоа ја стабилизира ендотелната мукоза на капиларите и влијае на поправка на овие проблеми и на тој начин го намалува отокот на зглобовите.

    Облогите се многу лесни за нанесување

    • На чисти стапала нанесете малку вазелин и на местата каде што имате проблеми ставете лозов лист
    • Потоа ставете пластична фолија над листот
    • Оставете го да отстои 20-30 минути
    • На крајот, исплакнете со ладна вода и нанесете крема за вени
    • Облогите од лозов лист се нанесуваат еднаш или двапати неделно. Она што е добро кај нив е што веднаш го намалуваат отокот и го смируваат горењето и болката.

    Чај од лозов лист

    Лековитото дејство на чајот од лозов лист се користи како лек за ревматизам, гихт, повраќање и крвав спутум. Американците користат чај од лозов лист против дијареа, хепатитис и болки во стомакот. Додека чајот од цвет од винова лоза се користи за лекување на нарушена функција на мозокот и ‘рбетниот мозок.

    Agrobot
    Подготовка на чај:
    • 2 dl вода
    • една лажица сушени листови
    • Се вари и се остава да отстои 10-15 минути, се пие три пати на ден три недели.

    Доколку сакате да ги исушите листовите, тоа се прави на традиционален и доста вообичаен начин.

    Кога ќе ги берете листовите, наредете ги на чисто платно, во добро проветрена просторија и надвор од директна сончева светлина. Не дозволувајте листовите да се допираат едни со други.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Листовите треба добро да ги исушите за подоцна да не мувлосаат. Времето на сушење е индивидуално и зависи од условите и температурата.

    Може да трае од неколку дена до две недели. Сувите листови се чуваат во хартиени кеси на ладно и темно место. Секоја влага може да предизвика мувла, а со тоа и расипување на листовите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img