Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаситеМлади борови шишарки - народен лек за тироидната жлезда

    Млади борови шишарки – народен лек за тироидната жлезда

    petel baner

    Состојбата на недоволно производство на тироидни хормони се нарекува хипотироидизам. Најчеста причина за хипотироидизам е хронично автоимуно воспаление на тироидната жлезда. Во продолжение како да подготвите народен домашен лек од млади борови шишарки.

    За луѓето кои страдаат од оваа состојба, народната медицина го препорачува следниот едноставен рецепт од само две состојки, кои лесно можете да ги набавите.

    Потребни состојки:

    • 15 млади борови шишарки
    • 50 мл домашна ракија

    Инструкции за подготовка на рецептот:

    Во пролетта изберете 15 млади борови шишарки (од 3-5 см во големина). Сомелете ги што поситно. Прелијте ги со 50 мл квалитетна вотка или домашна ракија и оставете ги во покриена тегла десет дена. Потоа, процедете ја течноста.

    Кога и колку се зема?

    Пијте пет капки три пати на ден. Курсот треба да трае три недели.

    Како борот влијае на нашето здравје?

    Борот долго време се користи во народната медицина за лекување на ревматизам и прочистување на респираторните органи, како и за лекување на кашлица и белодробни заболувања и хипотироидизам.

    Agrobot

    Борот е еден од најраспространетите четинари и сите делови од ова дрво имаат лековити својства. Добрата страна на борот е што го има во текот на целата година, а најефективен е кога неговите лековити делови се собираат во текот на пролетта.

    Боровите иглички, младите ластари, млади шишарки, смола и борова кора имаат лековито дејство. Иглите се користат свежи, бидејќи со нивното сушење се губи витаминот Ц, со кој изобилува оваа четинар. Малкумина знаат дека лековитите својства на иглите се и до 80 отсто поголеми доколку иглите се скршат на помали делови.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Боровите шишарки се користат додека се млади, со големина од 3-5 см, бидејќи нивното понатамошно созревање добива дрвенест облик и ги губи сите лековити својства.

    Исто така, за зимата треба да оставите тегла мед од шишарки. Соберете млади зелени шишарки во шумата, прелијте ги со вода за да ги покрие и потоа варете ги 20 минути во затворено тенџере. Потоа треба да стојат 24 часа. Се додава 1:1 шеќер и се вари како обичен џем. Три пати на ден земајте по една лажичка мед за зајакнување на имунитетот поради каква било форма на настинка, грип и респираторни заболувања.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img