Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ВестиНов тренд на кражби низ Европа - на мета е сирењето

    Нов тренд на кражби низ Европа – на мета е сирењето

    Крадците посетуваат фарми за да ги прегледаат имотите и да знаат што и како да украдат. Во овие кражби на мета се млечните производи.

    Се чини дека во Европа се шири нов тренд кога се работи за кражби. На мета на крадците е сирењето.

    Во германската провинција Сар, непознати сторители украле 230 килограми сирење од камион паркиран на простор за одмор, објави sr.de. Полицијата соопшти дека се работи за кражба на 15 големи пити холандско сирење Едамер.

    Крадците го отклучиле товарниот простор и го одзеле сирењето. Не е јасно како успеале да ги одземат големите пити без никој да ги забележи. Истрагата е во тек.

    Кражба од млекарница

    Dutch News  објави дека во Холандија последниот грабеж се случил на фарма во Финаарт во Северен Брабант, од каде биле украдени 1.600 килограми сирење . Одземено е речиси целото количество, а производителите изгубиле шест месеци приход.

    Тео Декер , претседател на Bond van Boerderij-Zuiverlbereiders, рече: „Треба подобро да ги заштитиме нашите сирења. Ова не е обична кражба, ова е организиран криминал “.

    Тој посочи дека се работи за групи на крадци кои не се плашат да бидат насилни. Пред кражбата ги посетуваат дуќаните на фармите за да ги прегледаат имотите и да знаат што и како ќе крадат.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img