домаАгро ВестиИзмами со државно земјиште.

Измами со државно земјиште.

Pneumatik baner

Измами со државно земјиште. Земјоделци внимавајте појавени се измамници.

Ќе ви ветуваат се и сешто немојте да верувате освен на официјалните преставници на МЗШВ.

Семенарна хоризонтален банер

Информирање на јавноста со цел предупредување на правните и физички лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Ова информирање на јавноста има за цел да ги предупреди правните и физичките лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост да не подлегнуваат на понуди од лица кои нудат земјоделско земјиште во државна сопственост на брз начин и без спроведување на постапки пропишани со законот за земјоделското земјиште, туку за сите информации да се обратат до надлежната организациона единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Секторот за управување, располагање и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, која ќе им ги даде сите потребни информации за законските постапки за добивање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп или пак да ја користат веб страницата на Министерството каде се објавуваат сите јавни огласи и јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста и земјоделските стопанства дека во изминатите месеци се забележани случаи на организирана и свесна измама на штета  на правни и физички лица кои сакаат да се стекнат со право на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Измами со државно земјиште

Тигар лого гиф

Измамата се врши преку фалсификување на потписите на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство кои биле на функција во овој период, а  кои согласно законот за земјоделско земјиште се eдинствено надлежни за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Освен потписите на министрите, фалсификувана е и содржината на договорите за закуп, а истите не се архивирани во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

petel baner

Ваквите инкриминирачки дејствија се пријавени во надлежните институции за откривање и гонење на сторители на кривични дела и очекуваме во најбрз можен рок да се откријат сторителите и да се покренат соодветни кривичноправни постапки.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

Само Рурално

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img