Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Wednesday, October 2, 2024

More
    домаАгро ВестиРусија ги продолжи квотите за извоз на ѓубрива

    Русија ги продолжи квотите за извоз на ѓубрива

    petel baner

    Русија ги продолжи квотите за извоз на ѓубрива па производителите можат да извезат околу 8,3 милиони тони азотни и 5,9 милиони тони сложени ѓубрива. Има и други мерки за спречување на поскапувањето на храната.

    Руската влада ги продолжи квотите за извоз на ѓубрива до 31 декември годинава. Според објавената резолуција, производителите можат да пријават околу 8,3 милиони тони азотни и 5,9 милиони тони сложени ѓубрива.

    Otkup na kompiri

    Министерството за индустрија и трговија и Министерството за земјоделство на Русија се одговорни за распределбата на количините меѓу извозниците. Ограничувањето не влијае на извозот во Јужна Осетија, Абхазија, Доњецк и Народна Република Луганск.

    Одлуката е донесена за да се спречи недостиг на минерални ѓубрива на домашниот пазар како и поскапување на храната.

    agrounik

    Русија ги воведе овие квоти на 1 декември 2021 година и тие важеа за земјите надвор од ЕАЕУ. Тие првично важеа до 31 мај 2022 година. 

    Министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев претходно изјави дека доколку има потреба тие ќе бидат продолжени.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Исто така, во таа земја планираат годинава да го зголемат производството на минерални ѓубрива. „ Ова е исклучително важно во сегашните услови. Тоа ќе ни овозможи да го обезбедиме и домашниот пазар и да ги задоволиме клиентите во странство “, рече министерот.

    Дополнително, преземени се мерки за спречување на порастот на цените на минералните ѓубрива, а вицепремиерката Викторија Абрамченко предложи нивно продолжување до 31 мај 2023 година. На седницата на владиниот комитет за агроиндустрија и одржливост.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img