Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро советиВолната може да биде органско ѓубриво

    Волната може да биде органско ѓубриво

    Научниците го споредија ефектот на пелетирана овча волна со ефектот на стандардните ѓубрива достапни за органските производители. Дали волната може да биде органско ѓубриво?

    Овчата волна стана суровина која наместо да се користи, останува фрлена во природата каде што скапува и ја загадува околината. Сепак, можеме да ја користиме како ѓубриво во земјоделското производство. Американските научници го споредиле ефектот на пелетирана овча волна со ефектот на стандардните ѓубрива достапни за органските производители.

    Азот – суштинска хранлива материја за растенијата

    Одржувањето на оптималната плодност на почвата и ѓубрењето со азот е ограничувачки фактор во производството на зеленчук. Особено кога станува збор за органско земјоделство. Достапноста на одобрени и достапни средства неопходни за високи приноси може да стане проблематична, а авторите на студијата Теренс Бредшо и Кимберли Хаген истакнуваат дека намалувањето на достапните хранливи материи за растенијата може да доведе до помали приноси. Сето тоа е особено изразено во време кога тие станаа екстремно скапи.

    Видовите на зеленчук се големи потрошувачи на овој елемент и им треба во текот на целата вегетативна сезона.

    Во објавената студија, пелетираната овча волна беше споредена со стандардното комерцијално ѓубриво преку ефектите врз продуктивноста и растот на растенијата од спанаќ и домати. Пелетите од овча волна може да се користат за употреба на еколошки сертифицирани фарми.

    Предноста на пелетите

    Стрижењето овци е постапка која се прави секоја пролет, а голема количина волна нема свои купувачи. Затоа, се обработува со хидролиза, а потоа се пелетира. Предноста на волнените пелети е способноста за задржување на водата, а ги подобрува и другите карактеристики на почвата. Полека се распаѓа и ги ослободува врзаните хранливи материи.

    Во студијата беа користени два вида волна третирана на овој начин. Првиот е стандардизиран за внес на азот во класичното земјоделство, а вториот, предложен од производителот, со околу 2,5 пати поголема содржина на тој елемент.

    Утврдено е дека користењето на двата вида го зголемува приносот на доматите и спанаќот. Внесот на минерали во растителното ткиво на спанаќот се разликувал и по содржината на калиум, магнезиум, фосфор, сулфур, бор и калциум. Врз основа на истражувањата, може да се каже дека пелетите од волна имаат многу сличен ефект како комерцијалното органско ѓубриво за двете култури и може да бидат алтернатива.

    Напоменуваат дека може да ги зголеми приносите на доматите, пиперките и модрите патлиџани и до 33 отсто, а помалата стапка на ослободување на азот е дополнителен плус за земјоделците.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img