Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиПомалку жито во Шпанија и Франција заради температурите

    Помалку жито во Шпанија и Франција заради температурите

    petel baner

    Недостатокот на влага во почвата и високите температури го забрзаа зреењето. Некаде родот ќе се преполови. Се очекува помалку жито во Шпанија и Франција.

    Годинава жетвата на жито нема да биде толку обилна како што првично се проценуваше. Шпанија и јужниот дел на Франција ги зафати топол бран кој многу ги погоди полските култури.

    Според Агроинформацио, Сојузот на фармери и сточари ги обвинува високите температури во средината и крајот на мај за лошата жетва и пониските приноси од првично проценетите.

    Во некои региони жетвата е преполовена

    Поради екстремно високите температурни вредности, некои области ќе останат без 50 проценти од нивниот принос. Таков е случајот во Кастиља и Леон, еден од најбогатите региони на државно ниво кога станува збор за житариците. По добрата прогноза во април, вистинското разочарување дојде во мај. Живата во термометарот достигна 30ºC, што резултираше со преполовување на жетвата во некои области на Ваљадолид, Авила, Сеговија или Замора. Слична е ситуацијата и во другите региони. На пример Каталонија, по априлскиот мраз предизвикан од бурата Кирил, топлиот бран предизвика дополнителни штети. Во Кастиља ла Манча жетвата ќе биде за 22 отсто помала кај лебната пченица и 10 отсто кај јачменот.

    Во моментов се очекува дека просечната жетва би можела да биде околу 1.750 до 2.500 kg/ha јачмен, од 1.000 до 2.700 kg/ha за ‘рж во зависност од регионот.

    Agrobot

    Француските фармери во истата ситуација

    Слична е ситуацијата и во Франција, особено на југот. Жан-Шарл Десварт, експерт од Институтот за растенија, Арвалис, даде преглед на состојбата на површините под житни култури, пренесува terre_net . Тој изјави дека благодарение на добрите услови за време на сеидбата во зима и доброто снабдување на почвата со влага, влијаело позитивно на нивниот раст и развој. Но, на крајот на вегетацискиот период се појавија високи температури и отсуство на врнежи.

    Загрижувачки се прогнозите дека јунските температури ќе бидат натпросечни. Според Десвартс, далечниот југоисток е изложен на најголем ризик поради повеќемесечните дефицити на врнежи. Тој потсетува дека во зависност од периодот на изложеност на воден стрес и фазата на родот, влијанието може да биде различно. Развојот на класата и полнењето на зрната се одвива во услови на недостаток на влага, што ќе доведе до недоволно снабдување на растенијата со азот, кој е одговорен за растот и развојот. Во овој случај, површината на листот е зафатена, плодовите остануваат ретки, најстарите листови остаруваат предвреме. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Таму жетвата на јачменот веќе беше почната, а беше готова десетина дена порано од минатата година. Топлото и сувото време во мај го забрза зреењето. За јачменот, лебот и тврдата пченица загубата на принос може да биде од 20 до 25 проценти.

    Високи трошоци за производство

    Паралелно со намалувањето на приносот има и пораст на производствените трошоци. Тие продолжуваат да растат, што е причина за загриженост низ ЕУ. Зголемувањето во однос на лани е значително и достигнува 215 отсто кај дизелот, 77 отсто кај електричната енергија и над 30 отсто кај ѓубривата и заштитните средства.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img