Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

More
    домаситеСируп од зелен орев и мед

    Сируп од зелен орев и мед

    Сируп од зелен орев и мед – Младите зелени ореви, богати со витамин Ц, во комбинација со мед стануваат добитна комбинација. Помага на тироидната жлезда подобро да работи, го чисти црниот дроб, желудникот и крвта, но и кај болестите на грлото и дишните патишта.

    Дополнително, редовното конзумирање на овој сируп ќе го зајакне имунитетот, ќе ги ублажи проблемите предизвикани од менопаузата, но и ќе помогне при анемија.

    Состојки за сируп од зелен орев и мед:

    • 40 млади зелени ореви
    • 1 кг мед

    Подготовка:  Оревите измијте ги и исушете ги, па исечете ги на половини или четвртини. Ставете во тегла и прелијте со мед. Затворете и оставете да отстои 40 дена на светло место. Повремено протресувајте ја смесата, но без да ја отворате теглата.

    За 40 дена во садот ќе се појави сируп со темна боја, благодарение на лековитиот сок што јаткастите плодови ќе го испуштат во медот. Потоа можете да ги извадите оревите од готовиот сируп за употреба.

    Земете една лажичка сируп секое утро и чувајте ја на ладно и темно место.

    Напомена:  Кога сечете ореви, ставете ракавици на рацете, инаку прстите ќе ви поцрнат. 😊

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Сместување на телиња
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Дива цреша
    spot_img
    spot_img
    spot_img