Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро Вести10 овошја и зеленчуци кои содржат најмногу пестициди

    10 овошја и зеленчуци кои содржат најмногу пестициди

    petel baner

    10 овошја и зеленчуци кои се најподложни на пестицидна контаминација (според EWD):

    10 овошја и зеленчуци кои содржат најмногу пестициди

    ▫ Јагоди – јагодите постојано се наоѓаат на различните листи за најконтаминирана храна. Во 2018 година, EWD утврдува дека дури 1/3 од примероците со јагоди содржеле над 10 типови остатоци од пестициди.

    Otkup na kompiri

    Спанаќ – над 90% од испитуваните примероци спанаќ содржеле пестицидни остатоци, вклучително перметрин, невротоксичен инсектицид кој има потврдена висока токсичност кај животните.

    Нектарини – исто како и кај спанаќот, над 90% од испитуваните примероци содржеле 15 различни остатоци од пестициди.

    Јаболки – огромниот дел од испитуваните примероци содржеле пестициди.

    Праски – над 99% од тестираните праски содржеле во просек 4 различни пестицидни остатоци.

    Цреши – утврдени во просек 5 различни пестициди во испитуваните примероци, вклучително и пестицид наречен ипродион, кој е забранет во ЕУ.

    Сливи – над 50% од тестираните сливи содржеле пестицидни остатоци од 5 или повеќе пестициди.

    Домати – пронајдени во просек 5 различни типови пестициди.

    Пиперки – содржат помалку пестицидни остатоци од останатата свежа храна, но сепак според EWG, кај нив се употребуваат пестициди кои се доста токсични.

    Целер – утврдени пестицидни резидуи во над 95%  од испитуваните примероци.

    10 овошја и зеленчуци кои содржат најмногу пестициди

    Чудно како во оваа табела не се спомнати: грозјето, малини, капини, житарките …

    Ваквите табели со контаминираност на овошјето и зеленчукот може да доведат луѓето да ја избегнуваат здравата храна како што е свежото овошје и зеленчук.

    Пестицидите преставуваат огромна опасност за здравјето на луѓето што ги конзумираат контаминираните производи

    Пестицидите при неправилно користење се штетни и по здравјето на Земјоделците.

    Затоа внимателно, претпазливо и одговорно со користењето на пестицидите.

    Апелираме во Македонија да се формира некое тело кое што ќе се грижи за обука на Земјоделците како правилно да се ракува со пестицидите и хемиските препарати што се употребуваат во земјоделието.

    Бидејќи сега секој може да си купи било каква хемија и да прска колку сака и како сака.

    Досега не сме сретнале некоја квалитетна анализа на здравствената исправност на храната што се продава по пазарите во Македонија.

    agrounik

    Жално е да се трујат луѓето што веќе ги смениле своите штетни навики и почнале да купуваат свежо овошје и зеленчук.

    Земјоделците се на првата линија на одбраната на здравјето на луѓето и затоа треба да бидат обучувани како правилно да ракуваат со хемиските препарати.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Упатството за употреба напишано со ситни букви нека не биде оправдување за отсуство од правилна обука.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img