Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро ВестиЗемја со 5 милиони жители, има 26 милиони овци - воведен данок...

    Земја со 5 милиони жители, има 26 милиони овци – воведен данок за крави и овци

    petel baner

    Според предлогот, сточарите ќе треба да плаќаат данок за крави и овци, заради емисиите на метан од нивните фарми од 2025 година.

    Agrobot

    Нов Зеланд го претстави планот за оданочување на емисиите од одгледувањето овци и говеда. Сака „да се справи“ со еден од најголемите извори на загадување во земјата. Тоа би ја направило првата земја која на фармерите ќе им наплаќа даноци за емисиите на метан од добитокот. Инаку, Нов Зеланд има нешто повеќе од пет милиони луѓе, а одгледува околу 10 милиони говеда и дури 26 милиони овци.

    Речиси половина од вкупните емисии на стакленички гасови, главно метан, доаѓаат од земјоделството. Емисиите од земјоделскиот сектор претходно не беа вклучени во шемата за тргување со емисии на земјата. Заради ова оние кои ја критикуваат ја повикаа владата да направи повеќе – да го запре глобалното затоплување.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Воведен данок за крави и овци од 2025 година

    Според предлогот, сточарите ќе треба да плаќаат за емисиите од нивните фарми од 2025 година. Планот вклучува и стимулации за земјоделците да ги намалат емисиите преку адитиви за добиточна храна. Додека пак, садењето дрвја на фармите може да се користи за неутрализирање на емисиите.

    Парите собрани од оваа такса ќе се инвестираат во истражување, развој и советодавни услуги за земјоделците. Министерот за финансии на Нов Зеланд во мај објави дека Новозеландските 2,9 милијарди долари (1,9 милијарди американски долари) се планирани за програма за борба против климатските промени, која ќе се финансира од системот за тргување со емисии на гасови и која ќе ги оданочува загадувачите, објави Телеграф Бизнис.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img