Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаситеСеме од босилек - моќно влијание врз нашето здравје

    Семе од босилек – моќно влијание врз нашето здравје

    petel baner

    Босилекот е зачин познат и ценет на трпезите ширум светот. Во медитеранските земји е еден од незаменливите зачини, што дури придонесува за препознатливост на нивната кујна. Сепак, многумина не знаат дека семе од босилек било дел од источната традиција уште од античко време.

    Во Кина, Индија и други азиски земји, семе од босилек се користи како состојка во многу оброци. Што е тоа што го прави ова ситно, црно семе толку скапоцено? Потемелни истражувања кои научно би ги докажале лековитите својства на семето од босилек сè уште не се спроведени, но некои мали студии ги потврдиле неговите многубројни придобивки за организмот.

    Извор на минерали

    Семето од босилек е одличен извор на минерали, пред се калциум, магнезиум и железо. Овие минерали се одговорни за здравјето и квалитетот на коските и мускулите, како и за производството на црвените крвни зрнца. Многу луѓе не добиваат доволно калциум и магнезиум преку нивната исхрана, па додавањето на семе од босилек во оброците што ги подготвувате ќе помогне да се обезбеди оптимална дневна количина на овие важни минерали. За оние кои не јадат месо, ова семе може да бидат еден од главните извори на железо.

    Што друго содржи семе од босилек?

    Богат е со растителни влакна и флавоноиди

    Семките од босилек содржат голема количина на влакна, особено растворливи, вклучително и пектин. Благодарение на тоа, ова семе е добро за нашето варење и за целиот дигестивен систем, а неговото редовно внесување може да го намали нивото на шеќер во крвта (студијата опфатила луѓе со дијабетес тип 2). Пектинот исто така го намалува нивото на холестерол во крвта со тоа што ја спречува неговата апсорпција во цревата.

    Семето од босилек е исто така богато со растителни соединенија, вклучувајќи флавоноиди и други полифеноли. Флавоноидите се антиоксиданси, што значи дека ги штитат клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали – тие имаат антивоспалителни и антиканцерогени својства.

    Содржи омега-3 масни киселини

    Само една лажица семки од босилек ќе ја задоволи дневната потреба на организмот за омега-3 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од одредени болести (срцеви заболувања и дијабетес тип 2).

    Како се користи и каде можете да го набавите?

    Бидејќи тешко се џвакаат кога се сушат, потребно е да се потопуваат во течност пред да се консумираат. Исто како чија семе, семките од босилек, по потопување во вода, набабруваат и добиваат желатинска структура.

    Една лажица семки прелијте со 250 ml вода. Оставете ги да киснат 15 минути – кога ќе набабрат, нивната големина ќе се зголеми тројно. Надворешниот дел на семето во форма на гел ќе посиви, додека центарот на семето ќе остане црно.

    Agrobot

    Благодарение на неговиот благ, неутрален вкус, семките од босилек одлично се вклопуваат и со слатки и со солени јадења и пијалоци. Може да се додадат во лимонада, супа, јогурт, пудинг, салата, смути, овесна каша, леб, коктели.

    Побарајте семе од босилек во азиските продавници за зачини и намирници. 

    Внимание! Семињата наменети за садење не се за јадење, бидејќи најверојатно биле третирани со пестициди.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Нешто друго! Поради големото количество влакна, семките од босилек може да доведат до надуеност, па затоа постепено вклучете го во вашето мени. На тој начин дигестивниот систем полека ќе се прилагоди на него. Бидејќи е богат со витамин К, семките од босилек можат да влијаат на ефикасноста на одредени лекови.

    Затоа, пред да почнете да ги конзумирате овие здрави црни семиња на редовна основа, разговарајте со вашиот лекар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img