Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

18.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024

More
    домаАгро ВестиСе намалува ли светското производство на млеко?

    Се намалува ли светското производство на млеко?

    petel baner

    Понудата на млеко и млечни производи не е голема, а светската инфлациска криза ја слабее куповната моќ и побарувачката. Дали ова ќе доведе до пад на цените во светското производство на млеко?

    Речиси и да нема ден во кој некоја храна не поскапела. Од друга страна, очекувањата на аналитичарите на Рабобанка покажуваат дека светските цени на млекото умерено ќе паднат во втората половина на 2022 година. Во нивниот последен квартален извештај тие наведуваат дека глобалните цени на млечните производи го достигнале врвот во првата половина на 2022 година.

    Производство на млеко опаѓа, а трошоците растат

    Понудата на млеко и млечни производи не е голема, а светската инфлациска криза ја слабее куповната моќ и побарувачката. Покрај тоа, Кина го ограничи увозот, што негативно се одрази на целата трговија со овие производи. Дополнително влијание има и падот на продуктивноста во ЕУ, САД, Нов Зеланд, Австралија, Бразил, Аргентина и Уругвај.

    Продуктивноста се очекува да се намали за 1,1 отсто во првиот квартал од 2022 година, откако падна за 1,9 отсто во првиот квартал од 2022 година.

    Тие наведуваат дека ваквата состојба е поврзана со зголемени трошоци и временски услови, а тешко е да се очекува брзо закрепнување во овој сектор. Најголемо влијание имаа високите цени на сојата и пченката, како и временските екстреми во Океанија и Јужна Америка.

    Помал е бројот на молзни говеда, но и рентабилноста на оваа гранка од земјоделството. Се предвидува дека во следниот квартал рекордно високите трошоци за храна и временските проблеми ќе продолжат негативно да се одразуваат на заработката на земјоделците во регионите на седум големи производители.

    Стадата во Нов Зеланд и Европа, исто така, веројатно ќе продолжат да се намалуваат поради предложените регулативи и еколошките ограничувања. 

    Лов на млеко

    Кога станува збор за млечни производи, Австралија е водечка земја. Случувањата на овој пазар имаат големи импликации врз светските цени. На 1 јули започнува новата сезона, а со неа како што велат и ловот на млеко. Преработувачите понудија повисоки количини.

    Agrobot

    „Во април 2022 година, националното производство на млеко се намали за 3,4 отсто на 7,3 милијарди литри. Рабобанк очекува да се врати на маргинален раст во 2022/23 година“, рече аналитичарот Мајкл Харви. Тој посочи дека се уште заостануваат зад минатата година и дека тоа е карактеристично за сите региони.

    Кога станува збор за цените на југот на Австралија, тоа би можело да биде 8,40 AUD / kgMS во сезоната 2022/23 (5,60 евра за кг млечни цврсти материи). Официјално објавените цени се движат помеѓу 8,25 AUD / kgMS и 8,90 AUD / kgMS. Ова секако позитивно ќе се одрази на сточарите кои се соочуваат со високи трошоци за добиточна храна за домашните животни, како и за додатоците за нив.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Но, им недостасува работна сила, па приходите таму ќе бидат помали од очекуваните.  

    Харви додаде дека има светли точки кои го следат овој сектор. Сезонските услови таму се поволни за ова производство, пасиштата растат, а има доволно вода за наводнување. Приходите од млеко остануваат високи, поддржани од стабилен пазар на говеда.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img