Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиДржавно земјиште

    Државно земјиште

    petel baner

    Државно земјиште до 3 хектари во Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип.

    Јавен ОГЛАС бр.04/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

    Otkup na kompiri

    І.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
    Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 1.470ха 77ap 06м2 и тоа за следните региони во Република Македонија: Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип.
    Податоците за земјоделското земјиште предмет на овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот лист) се во согласност со постоечката катастарската евиденција и увид во тие податоци да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на огласната табла во подрачната единица на Министерството каде се наоѓа земјоделското земјиште кое е предмет на јавниот оглас.
    Листите со катастарски индикации на земјиштето кои го идентификуваат се дадени во деталните прегледи во прилог на огласот.
    Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:
    -подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмел) и оранжерии за период до 30 години,
    -подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
    -подигање на маслинарници за период до 50 години,
    -одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
    -ливади за период до 15 години,
    -за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
    -рибници до 20 години и
    -спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

    II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
    Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
    Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот оглас и можат да достават само една понуда за учество.
    Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.
    Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.
    На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности.
    Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.
    Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.
    Право за учество на јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари имаат лицата кои немаат склучено важечки договор за закуп со министерството за вкупна површина над десет хектари.
    Максималната површина на која може да аплицира еден понудувач не може да биде поголема од 3 хектари, ниту помала од големината на една катастарска парцела односно блок.

    III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВЕН ОГЛАС
    Учесниците на јавниот оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп за површини до 3 хектари во прилог на пријавата треба да достават:
    а) за правни лица:
    -понуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk);
    -доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица;
    -доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на:
    персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување;
    -бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти, очекувани производно – економски резултати и износ на планирана инвестиција (бизнис планот треба да биде потпишан на секоја страна од страна на управителот на правното лице или од овластено лице за потпис со прилог овластвање заверено на нотар);
    -изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот оглас, а која е во спротивност со членот 24 од Законот за земјоделското земјиште;
    -изјава заверена на нотар за веродостојноста на податоците дадени со пријавата за учество;
    -понуда за износот на годишната закупнина;
    -изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
    -доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар).
    б) за физички лица:
    -понуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk);
    -доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на:
    персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување;
    -Фотокопија од лична карта;
    -потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства, решение за регистриран вршител на земјоделска дејност или доказ од централен регистар за регистриран трговец поединец;
    -програма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко-технолошка опременост, целта за која ќе го користи земјиштето, пазарни аспекти (програмата треба да биде потпишна на секоја страна од подносителот на понудата);
    -изјава за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заверена на нотар;
    -изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот оглас, а која е во спротивност на членот 24 од Законот за земјоделското земјиште;
    -понуда за износот на годишната закупнина;
    -изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
    -доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар).
    Потребната документација се доставува во оригинал или фотокопија заверена на нотар (освен личната карта за физичките лица.
    Образецот за учество на јавниот оглас (понуда) потребно е да се пополни целосно со сите потребни податоци, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

    IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
    Изборот на најповелен понудувач во постапка по јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може
    да се даде во закуп („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/08, 26/12, 2/13, 158/13, 110/15, 120/15, 129/15, 27/16 и „Службен весник на Република Македонија” бр.16/20) и тоа врз основа на следните критериуми:
    -оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас – 65 бодови.
    -понудена годишна закупнина по хектар – 25 бодови.
    -правниот статус на понудувачот -10 бодови.
    Критериумот оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас значи дека одалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на катастарската парцела што се објавува се наоѓаат во иста катастарска општина и се бодира со максимален број на бодови. Доколку понудувач е подружница на домашно правно лице се зема во предвид седиштето на правното
    лице кое ја основало подружницата.
    Критериумот од понудена годишна закупнина по ха се бодира согласно формулата
    -понудената годишна закупнина по хектар поделена со највисоката годишна закупнина по хектар, помножена со максималниот број на бодови кои можат да се добијат согласно овој критериум при што:
    C=(П/Пмах) x 25
    С-број на бодови
    П-понудената закупнина
    Пмах- највисока понудена закупнина
    Критериумот правниот статус на понудувачот се бодира со максимален број на бодови за понудувач кој е регистриран вршител на земјоделска дејност или осигуреник во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како индивидуален земјоделец, трговец поединец или правно лице кои ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделско земјиште.
    Договорот за закуп со избраниот понудувач се склучува во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето за избор на најдобар понуди у важи.
    Избраниот понудувач во постапка по јавен оглас за површини до 3 хектари е должен пред склучување на договорот да достави изјава заверена на нотар дека не е поврзано лице во смисла на членот 24 од овој закон со другите учесници на јавниот оглас.
    Доколку во рокот од 30 дена денот на приемот на известувањето избраниот понудувач не го склучи договорот за закуп, Министерството го склучува договорот со следниот рангиран понудувач согласно со неговата понуда. Следниот рангиран понудувач за склучување на договор се утврдува врз основа на извештајот за евалуација на понудите доколку изборот на најповолен понудувач се врши без спроведување на постапка за електронско јавно наддавање изготвени од страна на
    надлежните комисии за давање под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.
    Договорот за закуп влегува во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште предмет на договорот од страна на закуподавачот и тоа само за површините за кои е воведен во фактичка власт. Земјоделското земјиште предмет на договор за закуп кое нема да биде ставено во владение на закупецот во рок од една година од денот на склучувањето на договорот, може да биде предмет на нови постапки предвидени согласно со овој
    закон за давање на земјоделското земјиште во државна соспвеност во закуп или плодоуживање.
    Најповолниот понудувач со кој се склучува договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е должен закупнината да ја плаќа до 31 јули во тековната година за претходната година, сметано од денот на записничкото воведување во владение на земјоделското земјиште предмет на договорот.
    За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.
    Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.

    V. ПОЧЕТНА ЦЕНА
    Почетната цена по хектар во постапка по овој јавен оглас се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.
    Почетната цена по хектар во постапка по јавен оглас за површини до 3 хектари изнесува 25 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.
    Доколку земјоделското земјиште се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од I до IV катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од V до VIII класа изнесува пет евра во денарска противвредност, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.

    VI. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС (ПОНУДА)
    Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, подрачните единици на Министерството и од веб страната на Министерството и истиот треба да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворениот коверт, во спротивно понудата нема да биде
    разгледувана.
    Понудувачот кој не е задоволен од извршениот избор по јавниот оглас може во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, да покрене постапка пред надлежниот редовен суд.
    Понудите кај кои комисијата ќе утврди дека:

    не ја содржат целата потребна документација во оргинал или фотокопија заверена
    на нотар (освен личната карта);
    се поднесени по истекот на рокот за поднесување;
    се доставени во означен коверт со кој би можел да се идентификува понудувачот;
    се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди и
    не се изработени според условите утврдени во јавниот оглас комисијата ќе ги
    отфрли како некомплетни.

    Понудите за земјоделското земјиште во државна сопственост за кое по службена
    должност Комисијата ќе утврди дека не се подмирени обврските од претходно
    склучените договори како и понудата која ќе биде доставена со понудена закупнина
    пониска од минималната закупнина утврдена согласно Законот за земјоделско
    земјиште нема да бидат разгледувани и Комисијата ќе ги отфли како недопуштени.
    Некомплетни и ненавремено доставени понуди по јавниот повик нема да се
    разгледуваат.
    Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што ќе бидат опишани во јавниот оглас.
    Секој понудувач може да достави само една оригинална понуда за учество на јавниот оглас со потребната документација од дел III на овој јавен оглас.

    agrounik

    VII. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА
    Понудата и другата потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката не отварај, ,,Понуда по Јавен оглас 04/22 за земјоделско земјиште под закуп за површини до 3 хектари зо регион (се впишува регионот) и во средина „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул. Аминта Трети бр.2 Скопје” во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници. Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.

    Ова се површините што се даваат повелете разгледајте си и одберете.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На овој линк можете да видите како се бараат парцели на страната на катастарот на Македонија.

    Kатастарски парцели во Македонија

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img