Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

28.8 C
Skopje
Friday, July 1, 2022

More
    домаАгро ЗабаваНеварени овошни сокови од малини, капини или јагоди

    Неварени овошни сокови од малини, капини или јагоди

    Предноста на неварени овошни сокови е што задржуваат најголем процент на витамини и имаат одличен вкус, мирис и боја.

    Од расипување ги штити винската киселина и голем процент на шеќер, кој им се додава. При подготовката мал дел од шеќерот се претвора во алкохол (околу 1,5%), кој исто така делува на спречување на расипување.

    Овие сокови се концентрати кои се пијат разредени со вода во сооднос 1:5.

    Кога се произведуваат неварени овошни сокови од малини и капини, треба да се внимава овошјето да биде целосно свежо и чисто. Секоја нечистотија може да доведе до расипување на веќе готовиот сок. Затоа, потребно е да се исчисти плодот од стебленца и нечистотии, доколку ги има.

    Подготовка

    На 3 килограми малини или капини додадете 2 литри вода во која ставаме 40 гр винска или лимонска киселина. Сè добро измелете го и оставете го на ладно место 24 до 36 часа.

    После тоа, целата маса се филтрира низ чиста газа.

    На секои половина литар добиена течност додадете 600 гр шеќер, добро измешајте и оставете повторно ден-два на ладно место. За тоа време, повремено мешајте ја содржината за целосно да се раствори шеќерот.

    Потоа, сокот уште еднаш се меша добро и се става во чисти шишиња, кои не треба да се полнат до горе, бидејќи може да дојде до благо последователно вриење и се затвора со двослојна газа.

    По еден месец, шишињата се затвораат со постојана плута и повторно се оставаат на ладно место.

    Многу е важно целиот процес на правење сок да се врши на ладно место, каде што ќе стои сокот, за да нема неповолна алкохолна или кисела ферментација.

    Неварениот сок од шумски јагоди се подготвува на ист начин како сокот од малини или капини, само што за 3 кг јагоди се трошат два до три литри вода.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img