Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНема да ви се допадне што всушност има во една кесичка чај

    Нема да ви се допадне што всушност има во една кесичка чај

    petel baner

    Кесичка чај – Живите организми оставаат многу нешта зад себе, вклучувајќи различни секрети, измет и надворешни слоеви на мртви ткива. Сите содржат уникатни траги на ДНК.

    Инсектите не се исклучок. Од пајаци до бубачки, безрбетниците оставаат траги дури и на листовите од чаевите што ги јаделе или штотуку минувале.

    Научниците откриле траги од дури 1.200 различни видови безрбетници во само 40 примероци од сушен чај и билки.

    Agrobot

    „Она што навистина ме изненади беше огромната разновидност што ја откривме“, вели генетичарот Хенрик Крехенвинкел од Универзитетот во Трир.

    „Во една кесичка чај најдовме траги од дури 400 видови инсекти“, објасни Крехенвинкел.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Севкупно, истражувачите открија траги од 3.264 видови безрбетници во примероци од чаеви и билки во продавниците во Германија, вклучувајќи предатори, тревопасни животни и паразити од целиот свет.

    ДНК траги од пајаци, лебарки, вошки, муви, пеперутки, богомолки и многу други инсекти

    Крехенвинкел и неговите колеги се сомневаат дека има толку голема разновидност во трагите поради начинот на кој се обработуваат растенијата. Тие се мелат и останува фин ДНК материјал од сите делови на полето во кое се одгледува, кој се меша со растителен материјал кој потоа се пакува во вреќи.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img