Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро ВестиГерманија планира коридор за извоз на украинско жито

    Германија планира коридор за извоз на украинско жито

    petel baner

    Берлин планира да воспостави тест коридор за извоз на украинско жито по железница, изјави германската амбасадорка во Украина, Анка Фелдхузен.

    Agrobot

    – Во блиска иднина не е можен извоз на украинско жито преку пристаништето Одеса. Затоа треба да се работи на можноста за извоз преку Полска. Германија планира тоа да го овозможи со помош на германските железници. Работиме со украинските партнери на имплементација на ваков пробен транспорт – рече Фелдхузен.

    ЕУ ги засили напорите за воспоставување „солидарен коридор“ за транспорт на украинско жито по копнен пат. Загрижена од можна криза со храна доколку испораките не стигнат до нивната дестинација. Украина, главен производител на жито, не може да извезува жито по морски пат поради војната во таа земја. Се проценува дека во моментов во украинските пристаништа се заглавени меѓу 22 и 25 милиони тони жито. Западните земји ја обвинуваат Русија дека го блокира овој извоз, додека Москва вели дека за тоа е виновна украинската армија бидејќи ги минирала пристаништа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Невозожно е да се извлече целото украинско жито по копнен пат

    Во моментов се работи на опциите за извоз на жито по копнен пат, но според германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, тешко дека ќе се може да се транспортира целото жито.

    – Јасно е дека на крајот дефинитивно нема да можеме да го извлечеме целото жито, но ако успееме да извлечеме барем дел од него преку различни патишта, тоа би помогнало да се спречи глобалната криза со храна – нагласи Бурбок во понеделникот по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ Луксембург.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img