Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро советиШто се случува со храната кога мува ќе слета на неа

    Што се случува со храната кога мува ќе слета на неа

    Постојат најмалку сто различни бактерии и вируси кои мува може да ги пренесе кога ќе слета на храната. Ова го тврди Томас Џ. Даниелс, научник и директор на еколошката лабораторија на Универзитетот Фордам во Њујорк.

    Според „The Healthy“, кога мувата ќе собере бактерии, може да ги пренесе насекаде околу себе веднаш штом ќе слета. Дури и на храна, без разлика што на неа била само неколку секунди.

    „Постои ризик од инфекција и болест, без разлика што количината на бактерии што се пренесува за тоа кратко време е мала“, тврди Даниелс.

    Кога ќе слета на храната, мувата всушност не ја јаде веднаш. Таа испушта сокови кои ќе ја омекнат, за на крајот да ја „изеде“ во потечна форма.

    Колку е ваквата храна штетна за човекот?

    Телесната течност што мувата ја испушта на храната е полна со бактерии, па има многу поголеми шанси да се заразите ако храната е „поплукана“ отколку кога само што слетала на храната.

    Соковите што ги испушта мувата се поопасни бидејќи потекнуваат од нејзиното тело, додека бактериите кои се на нејзиното тело се помалку опасни.

    Затоа, ако само една мува слета, не мора веднаш да ја фрлите храната. Поголема е веројатноста да се заразите ако слетаат повеќе муви, што најчесто се случува кога јадете надвор.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img