Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаМеханизацијаБалирачка - Галигнани

    Балирачка – Галигнани

    petel baner

    Балирачка е машина која се користи за балирање на трева и остатоци од
    слама. Постојат два типа и тоа со и без хидраулично подигање.

    Во текот на работата со балирачката треба да обрнете посебно внимание на
    сигурноста и безбедноста.
    Пред да започнете со работа потребно е да ги проучите следните работи:

    Внимание:

    • Прочитајте го и проучете о упатството и придржувајте се спрема препораките
      кои се дадени во него.
    • Таблиците кои се ставени за опасност или предупредувања треба внимателно
      да се проучат.
    • Управувачот на машината е одговорен за безбедноста на останатите луге и животни кои ќе се најдат во близина на подрачјето во кое се работи.
    • Управувачот треба да биде соодветно облечен. Да не носи широка
      и опуштена облека.
    • Кога ке се откачи од трактор треба да ја поставите на рамен терен и да ја
      потпрете со потпорната нога.
    • При прикачување и откачување од тракторот треба посебно да внимавате.
    • За пренос по јавни патишта треба да ја наместите во правилна позиција за
      транспорт.
    • Машината закачете ја само кога се поставени сите сигурносни заштити и кога е
      во прописна позиција.

    Предупредување:

    • Во јавен сообраќај придржувајте се кон знаците и сообраќајните прописи.
    • Машината е потребно да ја прикачите спрема упатството и неопходно е
      правилно да ја осигурате.
    • Брзината на возење прилагодете ја на условите на патот и не правете
      нагли движења.
    • Во кривина избегнувајте нагли движења и водете сметка на инерцијата која се
      јавува од вртењето.
    • Пред да го напуштите тракторот осигурајте се дека машината е спуштена на
      земја.

    Опасност:

    • Возење на приклучната машина не е дозволено.
    • Во текот на движење не го напуштајте возачкото седиште.
    • Не се задржувајте во подрачје на движење на машината.
    • Не задржавајте се во близина на вртење на машината.
    • Машината не ја оставајте во крената положба кога го напуштате тракторот, туку
      треба да се спушти на земја.

    Монтажа на балирачка

    Балирачката се испорачува склопена и монтирана, заради лесен транспорт.
    Потребно е пред приклучување на трактор да се проверат сите делови.
    Машината се прикачува за тракторот со помош на подвижен дел.
    Потребно е внимателно да се постави тракторот во правилна позиција за
    прикачување и внимателно да се прикачи.

    Agrobot

    Транспортна положба

    При транспорт на машината потребно е да се крене потпорната нога на машината и
    да се откочат кочниците на тркалата како би се овозможило непречено движење на
    машината.

    Одржување на машината

    Балирачката е конструирана така да бара минимално одржување. При монтажа и
    при склопување на нова балирачка како и при почеток на нова работна сезона
    потребно е сите рукавци да ги подмачкате со универзална маст.
    После завршувањето на работната сезона балирачката треба добро да се исчисти,
    местата кои имаат фатено корозија добро да се истружат и повторно да се бојадисаат и да се чува на суво место.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    • Балирачката користи исклучиво конец или мрежа за балирање.
    • Пред прва употреба на машината потребно е да се јавите кај продавачот и да се
      консултирате со стручно лице.

    Моделот на балирачка Galligani е со врвна изработка, бројни технички решенија и супер квалитет… Повеќе од 90 години традиција зборува за оваа машина.

    За повеќе совети при купување или користење на оваа машина посетете ја страната на следниот ЛИНК, или јавете се на овој БРОЈ

    За повеќе слични корисни стории посетете ја рубриката Механизација, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img