Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаситеЧај од стебленца и листови од вишна против целулит

    Чај од стебленца и листови од вишна против целулит

    Вишните спаѓаат во категоријата супер здрава храна. Богата е со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, магнезиум, железо и растителни влакна. Така можеме да јадеме сочно овошје во неограничени количини. Но, со плодовите, кои ќе ги јадеме за задоволство, ако сами ги береме, вреди да се соберат и здрави стебленца и листови. Тие се многу лековити. Народот вели дека ги ублажуваат проблемите со точно 10 здравствени проблеми.

    Бербата на вишната е во тек и ако ви се чини дека се освен сочните плодови ништо друго не е важно, ве советуваме да не избрзувате со заклучоци.

    Чај од стебленца и листови од вишни

    Стебленца и листови од вишна може да се користат за правење чај. Помага да се исфрли песокот од уринарниот тракт, целулитот, импотенција, бубрежни заболувања и хронична кашлица. Чајот се приготвува многу лесно. На ринглата се става сад со вода и се чека да зоврие, се ставаат дршките, се исклучува ринглата и се остава садот да се излади течноста. Количините и на вода и на стебленца се произволни.

    Листови од вишна + пиво за убава кожа

    Листовите од вишна се користат и како средство за убавина. Помагаат и при првут и отечени очни капаци, како и при слабеење. Во комбинација со пивото, ова станува одличен еликсир за телото и игра голема улога во одржувањето на убава кожа. Се препорачува за забрзано закрепнување по операција, за намалување на воспалението, за заштита на нервниот систем, за превенција од рак, особено на дебелото црево, несоница и за лекување на проблеми со менопаузата.

    Во лонец прелијте една лажица сечкани суви листови од вишна и една лажица суви цветови од кантарион. Посипете ги со три чаши топло пиво. Лонецот со оваа смеса ставете ја на шпорет и загрејте ја да зоврие, па варете на тивок оган 30 до 40 минути. Потоа тргнете од оган.

    Кога ќе се олади, процедете го чајот низ густа цедалка или газа. Пијте две лажици од овој чај три пати на ден после јадење. Последната „порција“ испијте ја пред спиење. Третманот со овој напиток треба да трае 1-2 месеци, а поволно делува и на заболениот црн дроб.

    Бидејќи масовната берба на ова овошје веќе започна, не е полошо да соберете здрави листови и стебленца, да ги исушите и да ги чувате во стаклени тегли за времето кога ќе ви бидат многу корисни.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img