Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Sunday, August 14, 2022

More
    домаАгро ВестиСпектакуларна снимка од патки кои јуришаат на оризови полиња

    Спектакуларна снимка од патки кои јуришаат на оризови полиња

    Живинарите и фармерите ги здружија силите во Тајланд. Што прават патките во оризовите полиња? Погледнете ја оваа спектакуларна снимка.

    Откако ќе се собере родот на оризот, на фарма во провинцијата Након Патом во Тајланд, тие имаат посебен начин да се ослободат од штетниците кои остануваат на полето. Се ослободуваатЈато од околу 10.000 патки. Тие инстинктивно се упатуваат кон поплавените полиња за да се нагостат со полжавите останати во стрништата од ориз. 

    Спектакуларна снимка од дрон на која може да се види како патките итаат низ мал отвор кон отворено поле, а нивниот пат, кој не е ни малку краток, потсетува на природната преселба на птиците. 

    Традиција која датира од поодамна

    Ваквиот начин на чување патки во областите каде се одгледува ориз е одамна традиција во таа земја. Тајланѓаните го нарекуваат „пед лаи тунг“, што значи „јуриш на патки низ полето“. За овие цели се користи британската раса Каки Кембел . Тие се носат на оризовите полиња откако ќе поминат 20 дена во фармата. Тие ќе останат на отворено околу пет месеци, а потоа се враќаат на фармата за да произведуваат јајца.

    „ Придобивката е што ги намалуваме трошоците за хранење на патките “, рече Апиват Чалермклин, одгледувач кој го презеде бизнисот од неговиот татко. „ И за возврат, патките им помагаат на земјоделците да се ослободат од штетниците од нивните полиња, за да можат да ја намалат употребата на хемикалии и пестициди “  .

    Апиват има четири јата кои се движат низ различни полиња со ориз во провинцијата. 

    Како изгледа оваа сцена на брзање на терен погледнете во видеото: 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img