Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Sunday, August 14, 2022

More
    домаАгро ВестиТурција задржа руски брод со житарки

    Турција задржа руски брод со житарки

    Турција задржа руски брод „Жибек Жоли“ под руско знаме кој превезува жито од пристаништето Бердјанск, окупирано од Русија. За него Украина тврди дека извезува нелегално.

    Турција задржа руски брод кој наводно превезувал украинско жито, изјави на 3 јули киевскиот амбасадор во Турција Васил Боднар, според АПК Информ.

    „ Имаме целосна соработка. Бродот моментално стои на влезот на пристаништето. Состанокот на истражните органи ќе одлучува за неговата судбина. Нашето барање е проследено и се надеваме дека имотот ќе биде конфискуван. Исто и сите инволвирани ќе бидат кривично гонети “, рече амбасадорот.

    Претходно Украина побара од Турција да го запре товарниот брод „Жибек Жоли“ под руско знаме, кој превезува жито од пристаништето Бердјанск, окупирано од Русија.

    Нелегален извоз?

    Во писмото од 30 јуни упатено до турското Министерство за правда, Украинското државно обвинителство изјави дека Жибек Жоли бил вклучен во „нелегалниот извоз на украинско жито“ од Бердјанск и се упатил кон Караса, Турција, со 7.000 тони товар.

    Од „КТЗ Експрес“ со седиште во Казахстан потврдија дека споменатиот брод е нивна сопственост. Но, посочија дека е изнајмен од руската компанија Грин Лајн, која не е означена со никакви санкции.

    Во исто време, Украина, ЕУ, САД и другите западни земји смислуваат начини да го ослободат украинското жито. Пред руската инвазија 90 отсто од него се извезувало преку поморските пристаништа. Станува збор за 4 до 5 милиони тони ваква стока секој месец. Блискиот исток и африканските земји беа главни купувачи.

    Потенцијални патишта

    Сега се во игра и други рути, како што е извоз со железница, камиони и речни пристаништа. Се со цел да се овозможи пратките да стигнат до пристаништата на европските земји, а потоа да одат до нивните крајни дестинации. 

    Во моментов најмногу се извезува во пристаништата во Романија и Полска. Потенцијалната рута вклучува и извоз со железница и камиони до италијанските, хрватските, словенечките, холандските и белгиските пристаништа.

    Кога станува збор за железницата, има неколку проблеми. Покрај различните мерки за гранична контрола и општата неподготвеност за толку големи количини, постои и разлика во ширината на пругата на железницата на Украина и ЕУ. Така стоката мора да се префрла од еден воз во друг секој пат на граница. 

    Друга опција е Белорусија, која благодарение на советското минато има иста ширина на шини, но како што знаеме, е под санкции кои ЕУ сè уште не планира да ги укине во замена за нова извозна рута. 

    Новата жетва започна, а во украинските магацини има уште огромно количество жито, околу 20 милиони тони, што има значително влијание врз глобалната безбедност на храната, но и врз се понеизвесната состојба на пазарот. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img