Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-4.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаХраната како лекРецепт за кукурек

    Рецепт за кукурек

    petel baner

    Рецепт за кукурек – повелете еден добар рецепт за ова прекрасно јадење. Кукурекот е наменет за гурмани. Жално е бидејќи помладата популација не го јаде овој специјалитет а богами и се помалку има млади што чуле како се прави.

    Она кога маж ДОМАЌИН ќе сплете плетенка. Рецепт за кукурек:

    Otkup na kompiri

    Потребни состојки: 1 парче плетен кукурек, 2-3 ловорови листови, 1 лажичка црн пипер во зрно и малку сол.

    За сос (сафт): 3-4 лажици брашно, 1 лажица буковски лут пипер – лут црвен пипер, толчен на крупно, 1 лажица сув зачин (вегета), 1-2 лажици суво нане – мента, вода за сето да се соедини, не премногу густо, масло за да се прелие кукурукет пред печење и уште малку сол ако е потребно

    Постапка: кукурекот ставете го во тенџере со вода да зоврие 2-3 минути, па фрлете ја првата вода. Налејте втора вода и оставете да се вари. Додека се вари кукурекот, додајте ловоров лист, црн пипер во зрно и малку сол.

    Кукурекот е варен кога лесно се прободува со виљушката. Варениот кукурек префрлете го во тава и полејте го со течноста во која се варел. Ако е потребно, додадете уште малку вода. Кукурекот треба само малку да вирее над водата.

    Ако веќе ги мериме
    Точно 1.80 М
    Блаже Вантов браво домаќине.
    Само Рурално.

    Во посебен сад измешајте: брашно, црн пипер, сув зачин, буковка пипер – мо можност лута и суви издробени ливчиња од нане.

    agrounik

    Во садот додајте ладна вода и изедначете ја смесата да не биде многу густа. Потоа оваа мешавина додајте ја во врелата вода со кукурекот, со постојано мешање за да не се направат грутчиња. Треба да се внимава со солта, бидејќи половина од течноста ќе испари за време на печењето.

    Пред печењето кукурекот малку прелијте го со масло одозгора. Ставете да се пече во загреана рерна на 230 степени додека да се запече и малку да зарумени.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Помладите не знаат што е ова.
    Блаже Вантов со здравје да се јаде.
    Вистински специјалитет.
    Само Рурално.

    Кукурекот се послужува исечен на делови, заедно со сафтот. И секако, најдобро оди со чаша добро вино.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img