Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро советиНевенот како фунгицид и инсектицид

    Невенот како фунгицид и инсектицид

    Невенот како фунгицид и инсектицид – Исклучително ефикасен природен лек кој можеме сами да го одгледуваме.

    Невенот , Calendula officinalis, е лековито цвеќе кое освен во народната медицина, својата улога ја има најдено и во заштитата на растенијата. Од него се подготвуваат бројни природни препарати кои се многу ефикасни. 

    Неговиот мирис делува како репелент против многу штетници, а коренот лачи материи кои ги одбиваат коренските нематоди. Овој вид буквално ја лекува почвата и ја чисти од штетните организми.

    Добар сосед

    Компировата златица не го поднесува мирисот на невенот и затоа се сее околу или во посевот. Бројот на растенија зависи од големината на засеаната површина. Може да се додаде во браздите при садење компири.

    Го штити родот на зелката, пиперките и доматите од разни штетници, а јагодите од нападите на вошките. Тие се преселуваат кај невенот. Неговиот мирис привлекува лисни вошки, грини и други штетници кои се закачуваат на лепливото стебло. Може да се сее во овоштарници каде што делува како растение за стапици.

    Не го садете покрај пченка, диња или лубеница, бидејќи тоа ќе го попречи и ограничи нивниот раст. Пожелно е да се додаде во компост.

    Природен фунгицид и инсектицид

    Од семето од невен се подготвува природен фунгицид и инсектицид . Потребно е два дена да се чуваат 100 g семиња потопени во пет литри вода. Добиениот раствор се филтрира и се користи во борбата против болеста црна нога и штетниците како крлежите, молците и другите штетни пеперутки.

    Инсектицидот од невен е ефикасен против штетниците што цицаат листови како што се лисните вошки, грини и други штетни видови. Потребно е да се сварат 100 гр листови во еден литар вода и да се остават следните пет дена на темно место. Пред употреба, филтрирајте и разредете со вода во сооднос 1:1.

    Можеме да го користиме како зелено ѓубриво на локации каде што постои ризик од нематоди. Сеидбата се врши на крајот на август, а орањето се врши по 1,5 до два месеци. Не смее да се дозволи на растенијата да формираат семиња, бидејќи тоа ќе овозможи размножување низ целата парцела. Во текот на зимата, изораната маса ќе скапува.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img