Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ВестиПротестираат и германските земјоделци

    Протестираат и германските земјоделци

    petel baner

    Протестираат и германските земјоделци – мора да ги воведат мерките што ги бара ЕК. Германија се согласи на построги правила кога станува збор за ѓубриво и нитрати. Причината е стравот од милионски казни за неспроведување на мерките.

    Протестите на фармерите се одржаа низ цела Германија за време на викендот. Возеа трактори по автопатите и мостовите за да привлечат внимание за нивната ситуација.

    Во пограничната област тие веќе им дадоа поддршка на холандските колеги во нивната борба и несогласување со мерките за намалување на емисиите на азотни материи и амонијак. Здружените сили одржуваат мирни протести, а вклучена е и поранешната организација за безбедност на снабдувањето на земјата, денес здружението Land schafft Verbindung. По викендот беа најавени посилни протести.

    Мора да ги воведат мерките што ги бара ЕК

    Имено, Германија се согласи на построги правила кога станува збор за ѓубриво и нитрати. Причината е стравот од милионски казни за неспроведување на мерките. Тие се обврзани во рок од една година да почнат да користат детална мрежа на мерни средства. Ова е се со цел заштитените подрачја да се зголемат за речиси половина, на 2,9 милиони хектари земјоделско земјиште. Тоа значи дека околу 30 отсто од сточарските фарми би требало да бидат затворени.

    Џем Оздемир, германскиот министер за земјоделство и Штефи Лемке, министерката за животна средина, постигнаа договор со Европската комисија, која го доби процесот против Берлин за непреземање мерки против прекумерната концентрација на загадување со нитрати во германските подземни води. Ним им беше јасно дека игнорирањето и избегнувањето на правилата на ЕУ веќе нема да бидат прифатени.

    Брисел планира да продолжи да собира казни од повеќе милиони долари доколку германските покраини се спротивстават на новите правила.

    Agrobot

    Тешка ситуација

    Фармерите не се гледаат себеси како единствени одговорни, а моментално се оди во насока на забрана на сточарството, кое веќе е погодено од корона кризата, африканската свинска чума, а сега и ситуацијата во Украина. 

    Поради ова, голем број земјоделци од пограничните области им дадоа поддршка на своите холандски колеги. Тие ги окупираа мостовите и кружните текови што укажува на сериозен проблем кој веќе се случува бидејќи веќе се воведуваат построги правила за ѓубрење. Сојузниот совет донесе административен пропис за определување на подрачја загадени со нитрати, со кој се предвидени и измени на прописите за ѓубриво.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Земјоделците се соочуваат со долг период на правна несигурност. 

    Како изгледаше протестот во саботата вечер, погледнете во видеото: 

    Протестираат и германските земјоделци

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img