Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиХорор во Хрватска – угинаа 58 говеда

    Хорор во Хрватска – угинаа 58 говеда

    petel baner

    Хорор во Хрватска – угинаа 58 говеда од повеќе сопственици. Се шпекулира дека се работи за заразна болест.

    Во Лоњско поле во Хрватска угинале дури 58 говеда од повеќе сопственици. 

    Како што соопштија од полициската управа Сисак-Мославина, вчера во овој парк на природата добиле пријава за поголем број угинати говеда кај Осеково. 

    На местото на настанот полицијата во соработка со ветеринарната инспекција на Државниот инспекторат изврши увид.

    Agrobot

    „ Според досега прибраните информации, утврдено е дека од почетокот на јули до вчера, од засега неутврдени причини угинале вкупно 58 говеда на повеќе сопственици“ , соопштија оттаму.

    Како што наведуваат, ќе следи понатамошна работа за утврдување на околностите на овој настан.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Како што дознава Вечерњи лист, постои голема веројатност смртта да настанала како последица на зараза со големи сипаници, т.е. антракс. Тие наведуваат и дека во болницата во Сисак се лекува маж со силно сомневање за кожен антракс.

    Неговиот добиток бил меѓу угинатиот добиток и тој имал контакт со нивните трупови.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img