Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро советиНега на капината по бербата

    Нега на капината по бербата

    petel baner

    Нега на капината по бербата – Бидејќи како овошен вид е повеќегодишна култура, приносот, квалитетот како и векот на експлоатација кој е од 12 до 17 години зависи од применетите агротехнички мерки.

    Потребно е целосно да се внимава на нега на капината по бербата. Од неа во голема мера зависи родот во наредната година. Капината расте на двегодишни ластари, на кои пупките во пазувите на листовите формираат плодни гранчиња кои цветаат и даваат плод. Потоа почнуваат да се сушат. Нивното навремено отстранување директно влијае на подобриот развој на едногодишните ластари. Исто така и на диференцијацијата на репродуктивните пупки и подготовката на целата плантажа за периодот на зимски мирување.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    По бербата, двегодишните ластари ја завршуваат својата функција. Во исто време најмногу се изложени на напад на агенси кои предизвикуваат болести и штетни инсекти. Со отстранување на родените изданоци, како и со разредување на едногодишните ластари, преостанатите ластари добиваат подобро осветлување, поголема вентилација и повеќе вода и храна. Во исто време, можноста за заразување се сведува на најмал можен обем.

    Потребно е да се внимава и на есенското ѓубрење и основната обработка

    Потребно е да се внимава и на есенското ѓубрење и основната обработка, бидејќи капината има коренов систем кој се протега на длабочина малку поголема од обработливиот слој. Ѓубрењето може да се изврши со органски ѓубрива 25-40 t/ha (по можност добро изгорено ѓубриво) и минерални ѓубрива (некои од сложените NPK комбинации) во количина од 400-500 kg/ha. Најдобро е да се направи агрохемиска анализа на почвата во насадот, а потоа да се следи препораката за ѓубрење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img