Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Sunday, October 13, 2024

More
    домаАгро ВестиТурција ќе биде фаворизирана во откупот на украинското жито

    Турција ќе биде фаворизирана во откупот на украинското жито

    petel baner

    Врз основа на договорите со Русија и Украина, Турција ќе може да набавува жито што ќе се транспортира по морски пат, по цени под светските цени. Со ова ќе може да ги задоволи потребите за житарки по поповолни услови во однос на другите земји, пишува весникот „Сабах“, а пренесува Спутник.

    Според Јунус Килич, шефот на Комитетот за земјоделство на турскиот парламент, „двајцата министри (на Руската Федерација и Украина) кои го потпишаа договорот за извоз на земјоделски производи на 22 јули во Истанбул, усно ветија дека Турција ќе има предност во однос на цените на житото и неговото купување“.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Otkup na kompiri

    – Благодарение на тоа ќе можеме да купиме жито што подоцна ќе го извеземе – вели пратеникот во интервју за весникот.

    На 22 јули во Истанбул беше потпишан пакет документи за решавање на проблемот со испорака на храна и ѓубрива на светскиот пазар

    – Се разбира, тие (Русија и Украина) сами ќе ги одредат земјите на снабдување, нивната количина и цените на житото. Според потпишаниот документ, Турција ја презеде улогата на секретаријат и ќе ја извршува функцијата на странски претставништва во трговијата со други земји – истакна парламентарецот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img