Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро советиЧетири основни правила за наводнување пиперка

    Четири основни правила за наводнување пиперка

    petel baner

    Производството на зеленчук е невозможно без доволна количина на вода, па наводнувањето е услов за добивање принос. Пиперката е една од најомилените култури на локалните градинари. Ние ви издвојуваме четири основни и кратки правила за наводнување пиперка.

    Agrobot

    Видови на наводнување пиперка

    1. Пиперките бараат интензивно наводнување и во наши услови се потребни меѓу 500 и 600 литри вода. Најважни се периодите по садењето, потоа во периодот на цветање и во периодот на плод.

    2. Постојат неколку начини на наводнување и тоа: вештачки дожд, бразди, потопување, како и капка по капка, кој е најскапиот метод, но и најдобар, бидејќи со овој метод може да се додаваат ѓубрива растворливи во вода во согласност со фазата на развој и потребите на пиперката за соодветниот хранлив елемент.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    3. Оптималната температура на водата е 20-22 степени и во наши услови се полева во периоди од 7-10 дена (во зависност од типот на земјиштето, дневните и ноќните температури) и нормите за наводнување се движат од 20-40 lit/m2.

    4. Не треба да се дозволи растението да покаже недостаток на вода, особено во периодот по садењето, односно во периодот на искоренување.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img