Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ВестиНамалената употреба на шеќер може да доведе до намалување на емисиите на...

    Намалената употреба на шеќер може да доведе до намалување на емисиите на јаглерод диоксид

    Лекарите долги години ги повикуваат луѓето да со намалат употреба на шеќер. Сега на нивните апели би можеле да им се придружат и климатолозите и еколозите, еве зошто.

    Намалената употреба на шеќер може да даде голем придонес во борбата против климатските промени. Исто така и во закрепнувањето од здравствената и економската криза предизвикана од коронавирусот. Ова се заклучоците од анализата спроведена од Институтот за еколошка наука и технологија и Автономниот универзитет во Барселона.

    Авторите тргнаа од премисата дека шеќерот е една од најштетните намирници од здравствен аспект. Од друга страна има огромен потенцијал во индустријата за биогориво. Тие ги истражувале можните придобивки на полето на зачувување на климата и зголемената одржливост во случај да се пренаменат земјоделските култури што се одгледуваат за производство на шеќер. Нивните наоди се објавени во научното списание „Nature Sustainability“.

    Бразил и Европската унија се меѓу најголемите светски производители на шеќер

    Бразил своето производство го базира на шеќерна трска, а Европската унија на шеќерна репка.

    Истражувањето опфати три сценарија. Првото се однесува на ситуација во која Европската унија би извезувала вишок шеќер, додека Бразил би користел култури од шеќерна трска за производство на етанол. Второто на ситуација во која Европската унија би пошумувала површини наменети за производство на шеќер. Третата до ситуација во која Европската унија би го пренасочила земјиштето под шеќерна репка за производство на етанол.

    Според пресметките, првото сценарио во кое потрошувачката на шеќер во Европската унија е намалена во согласност со здравствените препораки, а наместо шеќер во Бразил се произведува етанол, би донело годишно намалување на штетните емисии меѓу 20,9 и 54,3 милиони тони јаглерод диоксид. Еквивалент на тоа е четири пати повеќе од алтернативната стратегија за одгледување дрвја на локациите на шеќерна репка во Европа. Двојно повеќе отколку што би произлегло од второто сценарио.

    Користењето на биогориво, наместо гориво на база на нафта, значително го намалува ослободувањето на стакленички гасови

    Имајќи предвид дека производството на етанол од шеќерна трска во Бразил веќе се покажа како економски исплатлива алтернатива на производството на шеќер, најдоброто сценарио за животната средина во рамките на оваа студија е изводливо.

    Дополнително, се тврди дека европските и бразилските производители на шеќерна репка и шеќерна трска нема да бидат економски оштетени. Нивната еднаква специјализација во земјите на ЕУ и Бразил ќе резултира со подобрување на нивната благосостојба и намалување на негативните ефекти од производството на шеќер.

    И како е воопшто можно да се намали внесот на шеќер? Според истражувачите, оваа трансформација на исхраната ќе бара сличен пристап со кој Европската унија постигна намалување на пушењето во претходните децении. Образование и регулативи насочени кон промена на однесувањето со сериозна улога на оданочување.

    Воведувањето данок на шеќер се покажа како ефикасно во земји како што е Обединетото Кралство

    Како што покажаа научниците во нивната нова работа, намалувањето на употребата на оваа храна исто така би имало позитивни импликации за спречување на глобалното затоплување.

    – За да бидат ефективни политиките во областа на одржливоста, мора да го разгледаме нивното целосно влијание врз три столба. Тоа се еколошки, социолошки и економски. Промената на начинот на кој ја користиме земјата во шеќерна репка и шеќерна трска е атрактивна стратегија од оваа перспектива бидејќи шеќерот е најмалку ефикасна храна, дури и ако ги игнорираме нивните негативни здравствени ефекти. Згора на тоа, од перспектива на нето енергија, најефикасна употреба на плантажите за производство на биогорива – објасни истражувачот Луис Кинг.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img