Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро советиБанани во фрижидер - добра или лоша идеја

    Банани во фрижидер – добра или лоша идеја

    Иако луѓето обично ги чуваат во садови со друго овошје, банани во фрижидер можеби не е најдобриот начин за нивно складирање.

    Нутриционистот д-р Тамика Симс тврди дека бананите треба да се чуваат во фрижидер кога се зрели.

    Може да се чуваат на кујнскиот пулт додека не созреат, а потоа со ставање на банани во фрижидер ќе им го продолжите рокот на траење додека кожата не поцрни“.

    Според нејзиното мислење, кога бананата ќе биде зрела, можете да ја ставите во кеса за замрзнување, па да ја замрзнете и потоа да трае и до еден месец.

    „Бананите во продавниците не се чуваат во фрижидери. Прерано ставање во фрижидер може да предизвика горчлив вкус, промена на бојата и не зреење“, велат од американското Министерство за земјоделство.

    Доколку кората од банана е оштетена, најдобро е да ја фрлите, забележува американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

    „Ова може да значи дека е расипана и дека плодот може да биде контаминиран со микроби. Фрлете и банана која е црна, премногу мека или има непријатен мирис“, додаваат тие.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img