Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ВестиОризова арпа дополнителни средства

    Оризова арпа дополнителни средства

    Оризова арпа дополнителни средства – искористете ги и овие пари.

    Од денеска до 31- ви август сите оризопроизводители кои во производната 2021 година имале засеани површини со ориз и за истите оствариле право на финансиска поддршка ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за оризовата арпа која ја предале во регистрирани капацитети за откуп во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година.

    Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.

    Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадена оризова арпа.

    Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ.

    Подрачни единици на МЗШВ

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Барања за органско производство
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Баварски сточар казнет поради измет на пат
    spot_img
    spot_img
    spot_img