Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

3.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ВестиБаварски сточар казнет поради измет на пат

    Баварски сточар казнет поради измет на пат

    petel baner

    Еден жител се пожалил дека кравите на баварски сточар оставиле измет на патот, што довело до тужба. Кој ја плати казната?

    Случајот со баварскиот сточар Георг Швајгер, кој беше казнет за кравите кои ги “загадуваа” улиците во Пах,  предизвика голем интерес во медиумите и јавноста, пишува Топаграр .

    Еден жител се пожалил дека кравите оставиле измет врз основа на кој сопственикот морал да плати 128,50 евра. Од таа сума 100 евра се казна, 25 евра процедурална такса и 3,50 евра поштенска такса.

    Спорен кравји измет

    Кравите се пренесувале од пасиштето на молзење кога еден жител забележал измет. Неговата претставка е препратена до општината која има „Правилник за чистота и чистење на јавните патишта“ и која поведе кривична постапка.

    Agrobot

    „Ако казнувањето за ова стане практика, тоа ќе ја загрози егзистенцијата на земјоделците “, рече Швајгер.

    Случајот предизвика голем интерес, а здруженијата на земјоделци го гледаат како голема опасност за другите сточари кои редовно минуваат низ селото пренесувајќи стада крави бидејќи нивните имоти се наоѓаат во центарот на селото. Доколку продолжи ваквата практика, тоа ќе значи и затворање на малите фарми, предупредуваат оттаму.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Министерот ја плати казната

    Баварскиот министер за економија, Хуберт Ајвангер, ја платил казната против фармерот за кравјиот измет. Тој објасни дека кравите не можат да се пренесуваат со хеликоптер на пасиштето и не можат да носат пелени.

    Шефот Вернер Грунбауер неколку пати се обиде да ја смири ситуацијата. Но, казната мораше да се плати. Локалните советници гледаат опасност во оваа пресуда, бидејќи тоа би можело да ги мотивира другите жители да преземат слични активности во селото како што се: кукурикање на петли, гласни животни и домашни миленици или ѕвонење на црковните ѕвона.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img