Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ВестиЦените на житарките во пад по деблокирањето на украинските пристаништа

    Цените на житарките во пад по деблокирањето на украинските пристаништа

    Пазарот на жито реагира на се што се случува во регионот на Црното Море. Цените на житарките во пад по деблокадата на пристаништата.

    Пазарот на жито не мирува по веста дека првиот брод натоварен со пченка го напушти украинското пристаниште Одеса. Брод со житарки користи новодоговорен канал за сигурна испорака. Ова ја враќа надежта на Украина дека извозот преку море ќе продолжи откако беше во голема мера блокиран од војната. На берзите не изостана реакција, а видлива е претпазливост.

    Цените на пченката и пченицата вчера веќе паднаа, а најголем пад доживеа семето од репка.

    На парискиот МАТИФ цената на пченицата за септемврискиот договор се тргуваше во понеделник по цена од 336 евра/т , а за ноемврискиот договор беше 325,50 евра/т. Тоа е намалување за 2,04 или 1,88 отсто.

    По ненадеен скок, цените на семето од репка сега доживеаjа најголем пад. Ноемвриските договори паднаа на 651,25 евра/т, што е намалување од 5,8 отсто. Цената на старата пченка е сепак повисока од онаа на пченицата. Тaa изнесува 342 евра/т, што е за 2,91 отсто помалку. Најмногу падна цената за новата реколта за 2,44 отсто и изнесува 320,25 евра/т.

    На Chicago CBOT, пченицата за септемврискиот договор се продаваше по 290,30 евра/t, или 807,75 американски центи по бушел, што е пад од 1,13 отсто.

    Пченката имаше цена од 237,30 евра/т или 616,25 центи за бушел, што е пораст од 0,20 отсто. Цената на сојата за август 2022 година беше 588,33 евра/т или 1637,00 центи за бушел. Растот беше 1,72 отсто.

    Септемвриските договори за овес беа со цена од 448,00 центи за бушел или 301,89 евра/t.

    Kако резултат на извозните блокади, на Украина и останаа околу 25 милиони тони пченица

    Треба да се има на ум дека, како резултат на извозните блокади, на Украина и останаа околу 25 милиони тони пченица, како што објави Ројтерс. Во наредниот период треба да се извезува преку црноморските пристаништа, што може да влијае на натамошен пад на цените на берзите. Министерството за инфраструктура на Украина минатата недела процени дека трите пристаништа на Црното Море, Одеса, Чорноморск и Пивденњи, ќе можат да извезуваат околу 3 милиони тони, па и повеќе, земјоделски производи месечно. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Честит и вековит празник Македонци!
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Зошто речиси и да нема веќе вкусни домати?
    spot_img
    spot_img
    spot_img