Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ВестиДубаи има најголема вертикална зеленчукова градина во светот

    Дубаи има најголема вертикална зеленчукова градина во светот

    Новата вертикална градина во Дубаи привлече внимание бидејќи е најголемата вертикална зеленчукова градина во светот. Може да произведе повеќе од 900.000 килограми зеленчук годишно.

    Отворена е во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, недалеку од меѓународниот аеродром Ал Мактум. Наречена е „Бустаника“, а ја изгради „Кроп уан холдингс“ во соработка со „Емирејтс флајт кетеринг“. Површината на градината е 30.658 квадратни метри.

    Зелјестите растенија што ќе се одгледуваат ќе бидат „целосно чисти“ бидејќи ќе растат без пестициди и други хемикалии.

    Вертикална зеленчукова градина – користи 95 отсто помалку вода во споредба со традиционалните градини

    Исто така, тука ќе се користи 95 отсто помалку вода во споредба со традиционалните градини, а ќе дава три тони производ дневно благодарение на употребата на вештачка интелигенција и компјутерска анализа на податоци.

    Имено, производствениот погон користи затворен систем којшто овозможува водата да кружи низ растенијата со цел поделотворно искористување.

    Водата испарува за време на процесот на наводнување и се враќа во системот, што заштедува 250 милиони литри вода секоја година во споредба со традиционалните отворени градини со исто производство.

    Зеленчукот ќе им биде послужен на патниците во авионите на авиокомпанијата „Емирати“, како и на другите авиокомпании кои соработуваат со неа. Ќе се продава и во околните продавници под брендот „Бустаника“.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Аронија за силен имунитет
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Вонредна состојба во Алмело, Холандија
    spot_img
    spot_img
    spot_img