Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ВестиРасте производството на лажни пестициди во Европа - откриена е и фабриката

    Расте производството на лажни пестициди во Европа – откриена е и фабриката

    Производство на лажни пестициди во Европа – Уапсени се десет осомничени. Две земји предничат во нелегалниот увоз.

    Од 25 јануари до 25 април 2022 година, беше спроведена операцијата Сребрена секира VII, координирана од Европол. Беа вклучени органи за спроведување на законот од 31 земја. Од нив 25 се земји-членки на ЕУ и шест земји трети страни. Ова е седми пат кога се спроведува годишната голема операција насочена кон нелегални лажни пестициди во Европа.

    „Како резултат на минатите операции „Сребрена секира“, органите на прогонот успеаја да запленат речиси 5.000 тони нелегални и фалсификувани пестициди “, рече Кетрин Де Боле, извршна директорка на Европол. Таа изјави дека отстранувањето на ваквите нерегулирани и потенцијално опасни производи од пазарот придонесува за побезбедна и поздрава животна средина за граѓаните на ЕУ.

    Резултат од акцијата

    Ваквите средства, и покрај нивната ниска цена, имаат висока цена за животната средина, јавното здравство и земјоделската индустрија. Фокусот беше на пристаништата, аеродромите и другите влезни точки каде што можеше да се открие нивниот увоз и извоз. Идентификувани се нови трендови кои се појавуваат на црниот пазар на ЕУ како производи за заштита на растенијата.

    Резултатот од последната акција беше апсење на 10 осомничени и запленување на 1.150 тони нелегални и фалсификувани пестициди. Исто така и откривање на фабрика во која се фалсификувале пестициди.

    Забележан е пораст на нелегалната трговија со пестициди во јужна Европа и регионот на Црното Море, особено од Турција. Но, Кина се уште е на прво место како место на потекло.

    Зголемен е и бројот на полесни пратки, кои се од 10 l или 10 kg, а зголемен е и обемот на онлајн трговија. Во пораст се и фалсификуваните производи од ЕУ, што доведе до поголемо запленување на производствената опрема и суровини. 

    Масовна операција

    Откриени се и бројни криминални рути и продавници преку кои оваа стока стигнува до пазарот. Готовите производи се увезуваат во пакување слични на познати брендови или како состојки за производство на пестициди. Откриен е еден производствен капацитет во Бугарија.

    Друг евидентиран начин е да се увезат средствата во земјите каде што е дозволено нивно користење, а потоа дополнително да се дистрибуираат до оние каде што не се одобрени.

    Европол ја координираше операцијата, ја олесни размената на информации и обезбеди оперативна и стратешка аналитичка поддршка. Во акцијата учествуваа земји-членки: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Република Словачка, Словенија, Шпанија.

    Земји од трета страна: Бразил, Колумбија, Украина, Обединетото Кралство, Норвешка и Соединетите Американски Држави.

    Учествуваа телата на ЕУ и меѓународните организации: Канцеларијата за интелектуална сопственост (EUIPO), Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), DG SANTE на Европската комисија, CropLife Europe и CropLife International.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img