Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

More
    домаАгро колумнаМакедонски афион

    Македонски афион

    Македонски афион – СЛОБОДА ЗА АФИОНОТ!

    Додека фармацевстската индустрија и одгледувачите на афион ширум светот млатат тешки пари, еве како изгледа нашата регулатива за производство на афион.

    Добиваш дозвола за афион ако имаш договор со овластен откупувач (само еден во Македонија) потоа сееш, наводнуваш, и во меѓувреме пазиш џанаци да не ти откинат некоја чушка.

    Значи најдобро е да вработиш падари, обезбедување на нива. Ако приметиш украден афион, должен си да пријавиш на надлежни институции кои испраќаат „стручни комисии“ па треба да потпишеш записник, итн.

    Ако некого го фатат издрогиран со твој афион, мисли му ја…ќе испаднеш нарко дилер.

    Жнеењето и откупот на афионот е подложно на една хипер-комплицирана регулатива која ја нема во овој закон, туку во правилниците на Министерство за Земјоделие. Во нејзе е предвиден начинот на жнеење и целокупниот мониторинг кој е потребен врз вашата нива.

    Правилникот од Мин. за Земјоделие е толку комплициран, што ве условува што да правите дури и со сламата од афионот.

    Сите овие регулативи го прават производството на афион многу скапо, односно создаваат монопол во откупувањето.

    Македонски афион

    За да се врати ова култура на нашите ниви, а замјоделците да имаат попродуктивно производство, наместо субвенции, потребно одгледување на доходовни култури.

    Затоа треба да се укинат сите законски и подзаконски акти со кои се регулира одгледувањето, производството и трговијата на афион, како и постапките со неговите остатоци.

    Секој да може да сади, одгледува, откупува, продава, афион, семе за афион, делови од ова растение, производи или нус-производи без било какви дозволи, лиценци или одобренија.

    И сето тоа со што е можно помали, или без даноци.

    ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ

    На македонското земјоделие му треба слобода, а не субвенции.
    СЛОБОДА ЗА АФИОНОТ!

    Интересен предлог што мислите вие?

    Trifunovski Viktor

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img