Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ВестиВнимавајте при купување храна на жешкото време

    Внимавајте при купување храна на жешкото време

    Одберете безбедно произведена храна која се продава во објекти кои исполнуваат услови за нејзино хигиенско чување.

    Во топлите денови постои висок ризик за труења предизвикани од расипана храна. Затоа кога се купуваат прехранбени производи мора да се внимава тие да бидат соодветно чувани и спакувани.

    На пример:

    • пастеризирано млеко кое се чува во малопродажбата во разладен уред или стерилизирано млеко.
    • млечни производи на кои пишува дека се направени од патсеризирано млеко, во малопродажбата се изложени во разладен уред. По купувањето веднаш да се сместат во разладен уред. Внимавајте на рокот на употреба!
    • месо и месни производи чувани во разладни уреди или замрзнувачи при малопродажба. После купувањето на овие производи треба што поскоро да се стават во фрижидер и пред консумација да се обработат термички (варење, печење, пржење).
    • јајца, без оштетена лушпа, кои се се уште во рокот на употреба, чувани во фрижидер и добро термички обработени. Избегнувајте храна која содржи свежи јајца или недоволно термички обработени јајца.
    • Одберете готова или делумно подготвена храна која е правилно чувана – складирана и во простор каде нема можност за хемиска контаминација.
    • Зеленчукот и овошјето пред употреба задолжително да се измијат со чиста безбедна вода.

    Свежото овошје и зеленчукот се сметаат како значајни извори на патогени микроорганизми и хемиски контаминенти. Затоа е важно овошјето и зеленчукот да се измијат со безбедна- чиста вода пред нивното конзумирање.

    Потребно е да се отстранат оштетените делови од овошјето или зеленчукот заради тоа што бактериите можат да навлезат на тие места.

    • Користете безбедна вода од водовод или третирајте ја односно дезинфицирајте за да стане безбедна.
    • Не користете храна со поминат рок на употреба.
    • Не користете храна која веќе ги променила својата боја, мирис, вкус и изглед.
    • Не ги употребувајте оштетените, надуваните и оксидираните лименки и конзерви. Бидејќи бактериите можат да се развиваат и во конзерви кои не се правилно конзервирани.
    • Кога купувате замрзната храна внимавајте да биде добро замрзната, односно да не започнал веќе процесот на одмрзнување. Ова се однесува на сладоледи кои се продаваат во оригинално пакување и треба да бидат на температура под 180 С.
    • Избегнувајте консумација на слатки затоа што претставуваат поволна средина за раст и размножување на разни микрорганизми.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img