Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ВестиОктоберфест - Започнаа подготовките за оваа година

    Октоберфест – Започнаа подготовките за оваа година

    Првиот фестивал во Минхен по три години. Организаторите на познатиот Октоберфест претставија ново лого. Истакнаа дека не се плашат од откажувања и критики поради трошење на недоволна енергија.

    Логото во форма на стилизирана кригла за пиво е заштитено, како што се истакнува, не во интерес на профит, туку во интерес на зачувување на фестивалот, изјави првиот човек на организацијата и економски советник Клеменс Баумгертнер.

    Од средината на август во онлајн продавницата ќе се појават традиционални баварски кожени панталони, таканаречени lederhosen, јакни, ранци, даски за сервирање и зимски капи, сите со нова етикета.

    Целта, рече Баумгертнер, е „благ развој на брендот“ и јасен сигнал до оние кои го злоупотребуваат, дека „дојде крајот“.

    Најголемиот фестивал на пивото во светот ќе се одржи од 17 септември до 3 октомври, без пандемични мерки.

    Можни откажувања од страна на некои учесници

    Сепак, како мерка на претпазливост, градот Минхен договорно го префрла економскиот ризик од можно откажување на гостилничарите, забавувачите и трговците на пазарот. Ако фестивалот навистина пропадне, трошоците нема да ги покријат градот и даночните обврзници.

    Фестивалот нема да ја влоши ниту енергетската криза, додаде Баумгертнер. Имено, Октоберфест учествува во потрошувачката на струја и гас во Минхен со 0,6, односно 0,1 промили.

    – Ниту Октоберфест во Минхен ќе ги гаси светлата, ниту некој ќе мора да замрзне поради Октоберфест – изјави Баумгартнер.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img