Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ЗабаваПрироден сируп од капини за убав почеток на денот

    Природен сируп од капини за убав почеток на денот

    Свежите капини се одличен извор на витамин Ц (обезбедуваат 35 проценти од дневно препорачаната доза во 100 грама) кој е моќен природен антиоксиданс.

    Еве како да приготвите природен сируп од капини за убав почеток на денот:

    Потребни ви се 2 килограми капини, 6 децилитри вода, 1 килограм шеќер и 3 лимони.

    Иситнете ги капините во блендер. Во зовриена вода (6 дл.) ставете го шеќерот и варете додека не добиете шеќерен сируп. Жешкиот шеќерен сируп прелијте го преку капините, додадете го сокот од лимон и оставете ја смесата да стои 2-3 часа. На крајот испасирајте ја смесата.

    Добиениот сируп загрејте го на температура до 75 степени, а потоа веднаш претурете го во врели стерилизирани шишиња и добро затворете.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img