домаАгро ВестиТрошоци за живот на едно семејство

Трошоци за живот на едно семејство

Prokredit baner

Трошоци за живот на едно семејство за јули изнесуваат 47.042.000 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.

Според Синдикатот, оваа сума не е доволна ниту за семејства каде има двајца вработени кои имаат примања од една просечна и една минимална плата.

Семенарна хоризонтален банер

Имајќи предвид дека инфлацијата од 16% ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин, велат од ССМ.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Посочуваат дека владините политики за само пет месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари повторно ја вратиле нејзината вредност на нивото пред март годинава, односно со една минимална плата работниците да можат да купат само исхрана и пијалоци, колку што им биле потребни во јули (17.842,91 денар).

Трошоци за живот на едно семејство

На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 проценти до септември согласно Законот, а во спротивно како што ги казнува Владата работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, а истото се однесува и на работодавачите, укажуваат од ССМ.

Тигар лого гиф

Работниците најавуваат протести доколку не им се зголемат платите согласно зголемените трошоци за живот.

Во оваа анализа не се ставени луѓето што живеат само од земјоделие така да господ знае како им е нив во овие тешки времиња.

Petel.mk

Зарем мислат дека има некој нормален што верува дека инфлацијата е само 16%

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

Само Рурално

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img