Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаситеОва се благодатите од пиењето козја сурутка

    Ова се благодатите од пиењето козја сурутка

    petel baner

    Козја сурутка – помага при слабеење, го подобрува варењето, ги зајакнува коските, а се препорачува и за луѓе со дијабетес тип 2.

    Сурутката се користи во народната медицина за зајакнување на имунитетот, за лекување на хроничниот замор и истоштеност. Погодна е за спортисти, за лица кои страдаат од остеопороза, но и за потполно здрави луѓе.

    Сурутката е течноста што останува по процесот на правење сирење од млекото. Имено, оваа постапка го дели млекото на цврста материја (урда) и течна материја (сурутка).

    Козјата сурутка во својата основна форма или во форма на додаток стана незаменлива храна кај луѓето кои прифаќаат здрав начин на живот.

    Бројни студии потврдија дека козјата сурутка помага при слабеење, го подобрува варењето, ги зајакнува коските, а се препорачува и за луѓе со дијабетес тип 2.

    Може да го консумираат и луѓе со алергии, вклучително и деца. Малите деца често се алергични или нетолерантни на кравјо млеко поради присуството на протеинот казеин.

    За разлика од кравјото млеко, козјото млеко содржи минимална количина од овој протеин, па затоа повеќето луѓе се толерантни кон козјото млеко.

    Како да пиете козја сурутка?

    Оптималната дневна количина е половина литар, а најефективна е ако ја пиете наутро, на празен стомак. Козјата сурутка се препорачува за спортисти и луѓе кои редовно вежбаат, а особено добра е за пиење после тренинг.

    Треба да се напомене дека луѓето кои имаат проблеми со бубрезите не треба да претеруваат со козјата сурутка поради високата содржина на протеини.

    Козјата сурутка се користи во народната медицина со векови. Хипократ ги советувал луѓето да ја пијат за зајакнување на имунитетот и против исцрпеност.

    Денес, консумирањето на козја сурутка се препорачува за луѓе со различни здравствени состојби, како што е заболување на црниот дроб.

    Важно е да се напомене дека оваа намирница не гарантира излекување, туку може благотворно да влијае на заздравувањето.

    Козја сурутка за бели дробови

    Земањето коза сурутка како додаток во исхраната за шест недели може да ги елиминира проблемите со дишењето. Сепак, не може да ја подобри функцијата на белите дробови и квалитетот на животот на луѓето кои страдаат од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

    Значи, козјата сурутка помага во чистењето на белите дробови, но не е доволно ефикасна за лекување на белодробни заболувања.

    Agrobot

    Козја сурутка за црн дроб

    Козјата сурутка се користи и како природно средство за чистење на црниот дроб. Луѓето кои имаат замастен црн дроб им се препорачува да пијат две чаши козја сурутка наутро, два часа пред појадок.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Секако, ова само по себе нема да го реши проблемот, па затоа е неопходно да се смени начинот на исхрана. Се препорачува да се елиминираат преработените производи и мрсната храна и да се зголеми внесот на протеини.

    Козјата сурутка не треба да се пие повеќе од две недели.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img