Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More

    Милиброд

    petel baner

    Милиброд прекрасен колач што се помалку домаќинки знаат да го направат а се повеќе го купуваат од продавница.

    Потребни состојки:

    1 кг брашно тип 400

    Otkup na kompiri

    1 коцка свеж квасец

    5 јајца

    1 мал филџан масло

    200 г шеќер

    300 мл топло млеко

    15о г суво грозје

    100 г кандирана кора од лимон или портокал, а ако немате може и рендана кора

    1 јајце за премачкување

    Начин на подготовка

    Прво ставете го квасецот да се активира како што тоа вообичаено го правите. Замесете меко тесто од брашно, додадете шеќер, помешајте ги јајцата со топлото млеко, па додадете ги во брашното, квасецот и на крајот маслото.

    Сето добро замесете го и оставете да се удвои. Имајте во предвид дека на тестата со јајца малку повеќе им е потребно време за да стасаат, па затоа оставете убаво да нарасне.

    Потоа тестото премесете го и 20 пати удрете го работната површина.

    Тестото поделете го на 9 еднакви делови од кои ќе формирате топче.

    Од секое топче расукајте правоаголник, наросете го со суво грозје и кандирана кора од лимон и портокал, а можете и да го премачкате и со џем од сливи. Свиткајте го како ролат.

    Од три вакви ролати сплетете плетенка. Ќе добиете три плетенки кои ќе ги наредите во големиот плех обложен со хартија за печење.

    Одозгора премачкајте ги со јајце, оставете ги уште малку да нараснат па печете ги на 200 степени, околу 50-60 минути, а кога ќе фатат боја одозгора покријте ги со хартија и намалете на 150впа допечете.

    Плетенките можете посебно да ги печете или да ги споите во круг со дупка во средината, која за Велигден се пополнува со велигденски јајца.

    Има уште варијанта со помалку јајца, каде оди нешто повеќе од 1 кг брашно, 3 јајца, 1 свеж квасец, 125 г маргарин, 250 г шеќер и 500 мл млеко, а за премачкување само џем и за одозгора јајце па наросено со сусам.

    agrounik

    Постапката е иста.

    Може да наросите и листови од бадем.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Милиброд прекрасен домашен колач а за дилемата дали овој специјалитет спаѓа во групата благо или не одлучете сами 🙂

    Можеби ќе ве интересира ова:

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img