Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаситеКолку киноата е корисна за нашето здравје?

    Колку киноата е корисна за нашето здравје?

    petel baner

    Покрај темното чоколадо, авокадото, конопот, бадемите, киноата е една од најпознатите суперхрани во светот корисна за нашето здравје.

    Спаѓа во групата на житарки (псевдожитарици) и е богата со протеини, влакна, витамини и минерали и се смета за најхранлива житарка на планетата.

    Она што е важно да се напомене е дека киноата е без глутен. Затоа може да ја користат луѓе кои страдаат од целијачна болест.

    Киноата е многу хранлива и е одличен извор на протеини, растителни протеини кои се покорисни за нашето здравје од животинските протеини. Во оваа житарка ги има во многу, па стана одлична замена за внесот на месо за луѓето кои не го консумираат.

    Ова зрно може да биде и одлична замена за оризот или леќата. На вашите јадења да им даде сосема нов вкус.

    Agrobot

    Нутритивна вредност на киноа на 100 g:

    • Енергетска вредност 368 kCal
    • Протеини 14,2 g
    • Јаглехидрати 64 g
    • Влакна 7 g
    • Масти 6 g

    Многу богата со минерали како што се магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум, а содржи витамини од Б комплексот како и витамин Е.

    Важно е да знаете дека киноата е одличен извор на омега 3 масни киселини, кои се исклучително важни за нашето тело.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Подготовка:

    Во зависност од јадењето што го подготвувате, неопходно е претходно да се свари киноата.

    Во тенџере истурете две шолји вода и една шолја киноа (за сооднос) и оставете да зоврие, па оставете уште 10-15 минути на тивок оган и додадете ја во садот што го подготвувате.

    Предности:

    • Го регулира крвниот притисок
    • Го регулира холестеролот
    • Го намалува ризикот од дијабетес
    • Го подобрува варењето.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img