Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро советиПрепораки за заштита на винова лоза

    Препораки за заштита на винова лоза

    Климатските промени потенцијално можат да влијаат врз приносите и квалитетот на винова лоза.

    Температурните промени, проследени со невообичаено високи температури и ненадејни силни дождови, доведоа до промени и кај растенијата што значително забележливо и кај винова лоза.

    Од друга страна пак, ваквите временски услови им одат во прилог на штетниците. Тие ја напаѓаат виновата лоза, го намалуваат или целосно го уништуваат родот.

    Температурите над 35, а особено над 40 степени, може да предизвикаат трајни ефекти врз лозите на сличен начин како температурите под нулата.

    На високи температури листовите се виткаат, губат боја, се сушат и паѓаат. Може да дојде до оштетување на гроздовите, како и нивно збрчкување поради губење на вода, дури и целосно опаѓање.

    Со цел да се ублажат ефектите од високите температури, потребно е почвата да се одржува во постојана влажност.

    Во време на големи горештини (температура повисока од 38°C) не треба да се влегува во лозјето, со цел да се избегне прашина на почвата.

    Честичките од земја или песок при лесно можат да ја оштетат виновата лоза и зрната грозје. На оштетеното место доколку е изложено на сонце брзо се појавуваат изгореници. Тие не само што го влошуваат изгледот на грозјето, туку можат да бидат и причина за појава на сива мувла.

    Препорачаната мерка која придонесува за ублажување на последиците од превисоките температури е наводнувањето. Наводнувањето обезбедува доволно количество вода кое е потребно за правилен раст и развој на виновата лоза.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img